JCB Fastrac

Трактор за Гинис

► Не за еднаш, туку за два пати

Тракторите не се само за орање – тие можат да послужат и за соборување гинисови рекорди, и тоа не еднаш туку два пати. Токму тоа го стори JCB со Fastrac, кој од нормалниот модел од серијата 8000 се разликува по многу нешта. Најмногу по аеродинамиката разработена од Williams Advanced Engineering и 7,2 литарскиот JCB 672 дизел мотор напумпан на 1.106 коњски сили. Тие беа доволни за постигнување максимални 247,4 и просечни 217,5 km/h за соборување на гинисовиот рекорд кој го држеше неговата претходна итерација.