JMC HV5

Копија, ама легална

Во право сте ако камионот што го гледате на сликата ви се чини многу сличен на Ford F-Max

И Кинезите имаат свој салон на комерцијалните возила кој се одржува во Гуангџоу, на кој годинава дебитираа многу нови модели од сите класи. Еден од нив е и камионот JMC HV5, кој во себе го има најдоброто од Ford F-Max. Во изгледот на двата модела има доста сличности, но дизајнерите сепак се имаат потрудено да го запазат кинескиот сил. Слично е и во ентериерот, но затоа моторот е ист – новиот 13-литарски Ecotorq развиен од Ford Otosan. Тој ќе се произведува под лиценца од страна на JMC во варијанти со 470 и 520 KS и Еуро 5 и 6 норми.