Силно момче
Булдожерот 375A на Komatsu целосно е изграден од сопствени компоненти и претставува современ примерок на моќна машина која е способна за преместување на големи количини материјал
Кога Komatsu конструира некоја машина, компонентите и склоповите за неа обично ги зема од сопствените инженерски рафтови. Тие овој пристап го нарекуваат „интегриран дизајн“ а неговите главни каракеристики се одличната, хармонична композиција на одделните компоненти.
Идентичен пристап е користен и при конструкцијата на големиот булдожер 375A. Носечката структура, моторот, менувачот, погонот, хидрауликата, … сé се тоа склопови кои се изработени во домашните конструкторски столови.
Иако на прв поглед се истакнува класичната структурна поставеност сепак посветеноста и кон најситниот технички детал резултира со исклучителна економичност на експлотацијата, ефикасност при работата и долговечност на машината.
Маркантна појава
Кога говориме за класична структура го имаме предвид тракторскиот тип на машината при што под долгиот нос е поставен моторот, напред е работната лопата а на задниот дел распарувачот. Сето тоа е веќе видено, со таа разлика што овој модел изгледа грамадно. Вкупната работна тежина од 71.640 kg предизвикува почит. За покренување на оваа челична маса се грижи дизелски агрегат со работен волумен од 23.15 литри кој ослободува максимални 636 КС.
Преносот на оваа силина се остварува преку автоматска трансмисија со по 4 степени на пренос и конвертор на вртежниот момент со затварач на диференцијалот. Финалниот пренос е на гасеници кои се дизајнирани според иновативна „K-Bogie“ технологија.
На предниот дел на булдожерот, во зависност од видот на теренот, е поставена работна лопата во „полу U“-формат, при што капацитетот на зафатот изнесува 18.5 m3 или пак лопата во „целосен U“ – формат, која зафаќа 22 m3. Распарувачот е изведен во вид на паралелограм кој се поставува во саканата позиција преку хидрауличен погон а со целата конструкција раководи контролно/командна електроника.
На почетокот истакнавме дека на техничките детали е посветено големо внимание, еве само еден пример: вентилаторот на ладилникот, кој има хидрауличен погон, функционира во зависност од температурата на разладната течност со што се остварува значителна заштеда на гориво. Во истата насока: системот на гасеници е составен од т.н K-Bogie елементи кои елеастично се прилагодуваат спрема теренот и во значителна мерка го подобруваат грипот со истовремено амортизирање на нерамнините.
Основната намена на секој булдожер сепак се состои во ефикасно померување на материјал. За да не дојде до расипување на силината на моќниот мотор, автоматскиот менувач ја прилагодува испораката на вртежниот момент спрема моменталното оптеретување. При акција на подигнување автоматиката префрла во понизок степен а веднаш по растеретувањето, се прфлра во повисок степен на пренос при што се намалуваат вртежите а со тоа и потрошувачката на гориво. Менувачот од автоматски може рачно да се префрли во мануелен начин на менување, со тоа операторот непосредно ја контролира испораката на силина. Како доказ на темелноста на конструкцијата да го истакнеме уште и системот за контролирано спуштање при надолнини кој автоматски ја одржува саканата брзина.
Амортизирана кабина
Работното место на операторот можеме да го опишеме како управувачка станица. Покрај механичката заштита, кабината е изолирана од вибрации со посебни амортизери и гумени држачи а како тоа да не било доволно па од стресни ситуации седиштето на операторот е додатно заштитено со посебни хидраулично-механичкии амортизери.
За добрата атмосфера во кабината се грижи клима уред кој воздухот го всисува од задниот дел на кабината и потоа двојно го филтрира. Командните палки се крајно едноставни и стандардни, добриот поглед од кабина со хексагонална форма, го гарантираат тонираните стакла а камерата поставена на задната страна сликата ја проектира на големиот LCD монитор.
Големата машина бара мало внимание
Кога сме веќе кај централно поставениот мулти монитор да истакнеме дека на него можат да се следат сите параметри на машината. Дополнително, операторот се потстува за извршување на контролните и сервисните интервали, и секако, за секоја неправилност системот веднаш ја пријавува грешката.
За сопирање на моторот при ургентни ситуации, вградени се по еден прекинувач во внатрешноста и надворешноста на машината.
Во однос на одржуавњето големи изненадувања нема, односно редовните контроли можат да се извршат од една контролна точка. Системот на гасеници е изграден модуларно што значи дека на едноставен начин може да се заменат една или повеќе ламели и тоа сосема чисто, без истекување на масло или други течности.