Komatsu PC170LC-11

Нов мотор и поголема ефикасност

Komatsu го претстави PC170LC-11 чиј нов мотор му обезбедува поголема продуктивност

Improved_fuel_consumptionОвој хидрауличен багер со гасеници на Komatsu сега има нов EU Stage IV мотор со 121 коњска сила, кој обезбедува за 5% поголема оперативна сила со 3% помала потрошувачка на гориво. Унапредувањата на моторот придонесоа и за намалена бучава во кабината за 2 децибели. Komatsu PC170LC-11 доаѓа со Komtrax 5 телематика која обезбедува податоци за машината како што се нивоата на течностите, состојбата на DPF филтерот, локацијата на машината, разни предупредува и известувања за тековното одржување и слично. Овие информации на 26 јазика се појавуваат на унапредениот 7-инчен дисплеј кој има поделен приказ за паралелно покажување на сликата од задната камера. Други карактеристики на PC170LC-11 се автоматскиот систем за исклучување на машината при неактивност, лесното менување на корпата, шест работни режими на моторот, редуцирани загуби на притисокот во хидрауликата и друго. Оперативната тежина му се движи од 17,9 до 19,1 тон, а длабочината на копање 6,25 метри.