Land Rover Discovery Commercial

За луксузен превоз на стока

Land Rover го има преработено Discovery во доставно возило кое покрај проверените off-road способности може да се пофали и со добар товарен капацитет

Велат дека идејата им била да ја олеснат дистрибуцијата на стока на тешко пристапни локации, но нам ни се чини дека примарни се луксузот и имиџот. Како и да е, со исфрлање на вториот и третиот ред седишта кај Land Rover Discovery добиен е флексибилен товарен простор со должина од 1.635, ширина 1.411 и висина од 939 mm, кој има зафатнина од 1,856 кубни метри. Задната електрично задвижувана врата овозможува во него да се натоварат премети со димензии од 1.000×735 mm, односно мала еуро палета. Максимално дозволената тежина на возилото е 3,5 тони, што е во согласност со прописите за возачка дозвола од Б категорија.

И додека задниот дел на Land Rover Discovery Commercial е камионски, возачот и совозачот уживаат во целиот луксуз што овој производител го нуди во своите возила. Опременоста е повеќе од солидна – во стандардната опрема спаѓаат единствениот Terrain Response, системите Autonomous Emergency Braking, Lane Departure Warning, загревани предно и задно ветробранско стакло, загревани ретровизори, потоа InControl Protect, Tyre Pressure Monitoring, Hill Launch Assist, Dynamic Stability Control, Roll Stability Control, Cornering Brake Control, Gradient Acceleration Control, Hill Descent Control, но и Trailer Stability Assist за контрола на стабилноста на приколка.

Ваквиот пакет има и своја – Land Rover Discovery Commercial кој е достапен со дво- и тролитарски дизели со 240 и 258 коњски сили со автоматски менувач, редуктор и воздушно ослонување, чини од 48.400 до 59.700 британски фунти.