Liebherr L 509 Tele (со видео)

Уникатна мултифункционална машина

Libherr го претстави својот прв телескопски натоварувач на тркала

L 509 Tele е уникатна мултифункционална машина која ги комбинира функциите на нормалните телескопски манипулатори со оние на челните натоварувачи. Со комбинирање на карактеристиките како што се висината на подигнување на телехендлерите и продуктивниот капацитет на класичните натоварувачи на тркала, со новиот телескопски натоварувач на тркала клиентите на Libherr ќе ги добијат придобивките од двете машини во еден производ.

Работната тежина на L 509 Tele е 7 тони, а волуменот на корпата 0,9 кубни метри. Моторот има моќност од 54 kW (73 KS) и ги исполнува Stage V и Tier 4 Final стандардите и со помош на моќен хидростатички погон може да постигне максимална брзина од 38 km/h. Наместо класичната рака на натоварувач, L 509 Tele има телескопска рака за подигнување што може да достигне максимална висина од 4,8 метри.

Благодарение на неговата компактна конструкција, новиот модел на Libherr нуди добра прегледност на работниот простор. Мини-џојстикот на контролната конзола се користи за извлекување и вовлекување на раката за подигнување, како и за контрола на хидрауличните работни алатки. Подобрена е и безбедноста, бидејќи L 509 Tele е опремен со систем за предупредување за преоптоварување. За да им биде полесно на операторите, инженерите на Libherr го оптимизираа процесот за реконфигурација кога е потребно да се користат додатоци, така што не е потребно рачно прилагодување при работата, на пример, со вилушка место корпа.