Мобилност во подигнувањето товар
► Мобилната, LTM серија на кранови, во однос на подигнувачките капацитети, се испарачува во 21 различна големина. Екстремно мобилни, тие можат до работната локација да патуваат со брзина од 80 км/ч притоа по потреба и да совладуваат тешко проодни терени
Особините кои ги сооединуваат својствата ка LTM мобилните кранови на Liebherr се состојат во нивната мобилност овозможена од екстремно цврстата платформа која лежи на четири (1090-4.1) односно пет (1095-5.1 и 1100-5.2) оски од кои сите се погонски како и во можноста сите тие да бидат управливи.
Тоа значи дека погонскиот мотор на платформата кој е сопствен производ на Liebherr и е линиски шестцилиндраш со 476 КС може силината да ја пренесе на сите оски а управувачкиот механизам, преку пневматски систем кој е контролиран со 5 посебни програми, може да го регулира управувањето на секоја оска. Петте споменати програми овозможуваат максимална покретливост на платформата во зависност од условите на употреба. При помали брзини и при маневрирање на тесен простор задните тркала се движат во спротивен правец од предните додека кога подвижниот кран се движи на отворен пат тркала се вртат во иста правец. Од применетата концепцијата профитираат пневматиците чиј работен век поради намалените триења е видливо продолжен.
Освен погонскиот мотор и системот на управување, серијата на мобилни кранови LTM има и заедничка пренос кој е со 12 автоматски менувани преносни односи. За сопирање на возило кое има најмалку 48 t тука се посебно изведените пневматски сопирачките. Без ралика дали се работи за кран со четири или пак пет оски, тежината е рамномерно распоредена на сите тркала.
И сега најважното – подигнувачките капацитети и технолошка подршка. Целата серија, во подигнувачкиот дел, користи дизел мотор со четири цилиндри кој испорачува 175 КС. Работната рака е од хидрауличен тип и на крајот завршува со решеткаста структура. Во зависност од тежината на подигнатиот товар платформата се оптеретува со балансирачки контратегови. Операторот, во секој случај, ги ужива сите благодети на пријатното и комфорно работно место, со кабина која се померува по вертикална оска со што се овозможува максимална видливост и визуелна контрола на подигнатиот товар.
На следните табели можат да се видат техничките карактеристики на сите три изведби од серијата LTM кранови.
LTM 1090-4.1 | |
максимален капацитете на подигнување | 90 t на 3 радиус од 3 m |
телескопска работна рака | 11.1 до 50 (m) |
решеткаста структура | 10.5 до 26 (m) |
мотор на носачот | дизел 6 цилиндри, 476 КС |
мотор на кранот | дизел 4 цилиндри, 175 КС |
погон/управување | 8 x 8 x 8 |
патувачка брзина | 80 км/ч |
оперативна тежина | 48 t |
вкупна тежина на контратегови | 21 t |
LTM 1095-5.1 | |
максимален капацитете на подигнување | 95 t на радиус од 3 m |
телескопска работна рака | 12.5 до 58 (m) |
решеткаста структура | 10.5 до 26 (m) |
мотор на носачот | дизел 6 цилиндри, 476 КС |
мотор на кранот | дизел 4 цилиндри, 175 КС |
погон/управување | 10 x 8 x 10 |
патувачка брзина | 80 км/ч |
оперативна тежина | 60 t |
вкупна тежина на контратегови | 23 t |
LTM 1100-5.2 | |
максимален капацитете на подигнување | 100 t на радиус од 2.7 m |
телескопска работна рака | 11.5 до 52 (m) |
решеткаста структура | 10.8 до 33 (m) |
мотор на носачот | дизел 6 цилиндри, 476 КС |
мотор на кранот | дизел 4 цилиндри, 175 КС |
погон/управување | 10 x 8 x 10 |
патувачка брзина | 80 км/ч |
оперативна тежина | 60 t |
вкупна тежина на контратегови | 35 t |
Ова се накратко карактеристиките по кои се разликуваат трите изведби на подвижните кранови на Liebherr од LTM серијата. Она што не може да го доловат голите бројки, го знаат досегашните корисници на овие екстремно доверливи, квалитетни и современи дигалки. Како што кажавме на почетокот од серијата на мобилни кранови поставени на тркала се изработуваат точно 21 варијанта. На корисникот му останува само да ја специфицира својата потреба а понатаму германските инженери ќе се погрижат за подигнување на товарот да биде ефикасно и економично.