Liebherr миксери за бетон

Продажбата на новата генерација миксери за бетон на Liebherr зема замав

Новите бетонски миксери од генерацијата 05 на Liebherr се најдоа на пазарот на почетокот годинава и веќе бележат одлични резултати

Во моментов, најдобро продаваниот модел е Liebherr HTM 905 од 9 кубни метри. Целото куќиште на миксерот вклучувајќи ги спиралните и заштитните плочи се произведува од специјален челик LICRO 500. Благодарение на него, работниот век на бурето е продолжен, а тежината на празното возило намалена до 300 kg во споредба со претходната генерација бетонски миксери, со што се зголемува корисната носивост. Посебно внимание е посветено на чистењето – со отстранувањето на рабовите што го задржуваат материјалот, тоа сега е полесно. Опционалниот систем за контрола на бурето Litronic-EMC ја контролира брзината на дизел моторот според барањата за товарење и истовар. Намалената потрошувачка на гориво и помалото абење придонесуваат за поголема ефикасност на овие миксери за бетон.