Апарати за заварување Lincoln Electric

Кулата на Вавилон

► Сите ја знаеме приказната за вавилонската кула, народот што сакал да ја изгради до небото и Бог што им го помешал јазикот на кој зборувале со што ги спречил нивните стремежи да стигнат до него


Приказната за вавилонската кула и заварувањето на материјалите имаат една заедничка работа – и двете датираат од античките времиња. Но да не беше приказната легенда, народот на Месопотамија ќе го изградеше својот дом помеѓу небото и земјата не со помош на цигли и малтер туку со заварена конструкција. Да беше така можеби денес ќе живеевме во еден поинаков свет во кој сите ќе се разбираме, свет во кој сега живеат и работат заварувачите бидејќи со своите дела тие зборуваат на еден ист јазик ширум земјината топка.
71Pu-0mmzFL._SL1500_
А тој, и покрај античките корени на заварувањето на металите, во својата современа форма започна да настанува пред два века. Паралелно и независно еден од друг, двајца луѓе со својата работата на самиот почеток на 19 век се заслужни што денес постои едноставна метода за заварување на материјалите – англискиот хемичар и физичар Сир Хамфри Дејвид и рускиот научник Василиј Петров. Со експериментите на ова поле се продолжило многу подоцна – во доцните години од 19-от век, кога од страна на руски, полски и американски пронаоѓачи и иноватори биле развиени првите ефикасни методи за електролачно заварување. Како заслуги за развојот на разните видови заварување што денес ги среќаваме имаат и повеќе други научници и компании од Велика Британија, Ирска, Шведска и други земји со тогаш развиена индустрија, историјата на овој изум повторно асоцира на приказната на кулата на Вавилон но со поинаков крај.

1-Lincoln-Electric-Ranger-305-DВо нејзиното пишување активна улога има и една американска компанија – Lincoln Electric од Охајо. Основана во 1895 година од Џон Линколн со капитал од 200 долари, таа денес има годишен обрт од 3 милијарди долари. Половина од него доаѓа од Северна Америка, каде работат 3.000 од вкупно 8,5-те илјади вработени во компанијата која располага со 44 производствени погони во 19 земји. Меѓу нејзините производи кои се присутни во 160 земји од светот апсолутно доминираат опремата и апаратите за заварување од секаков вид – од наједноставните решенија за електролачно заварување до роботските системи за сечење со плазма. Нејзиниот бизнис модел е еден од најстудираните на Харвард и многу други економски образовни институции ширум светот, а и самата компанија располага со една таква – J.F.Lincoln фондацијата основана во 1936 година за промовирање на заварувањето како избор на кариерата. Нејзе и претходеше основањето на школата за заварување која идната година ќе прослави еден век постоење и од која досега се произлезени преку 100 илјади стручни кадри од оваа област, специјалисти за различни методи и техники за заварување на материјалите. Тие се и движечката сила на оваа компанија чии иновативни, економични и квалитетни решенија за заварување ја поставија меѓу технолошките лидери во оваа област.

Untitled-1Затоа и ќе биде тешко да се издвои нешто од нивната производствена програма. Доказ за тоа е и каталог на производите на Lincoln Electric, кој се протега на ниту повеќе ниту помалку туку точно 248 страници. Ако се задржиме само на опремата за најраспространетото заварување – рачното електролачно, ќе споменеме дека најмалиот апарат на Lincoln Electric дава струја за заварување која може да се регулира во распон меѓу 40 и 225 ампери што е доволно за електроди до 4,8 милиметри. Тежок е скоро 50 килограми, а од мрежата влече до 50 ампери струја. Најголемиот пак е трофазен, тежок повеќе од двесте килограми, дава излезна струја до 625 ампери и со пакет дополнителна опрема може да се користи и за заварување со ТИГ постапка. За најголемиот апарат за заварување со оваа постапка во инертен гас ќе кажеме само дека има димензии од 1,26×0,71×1,04 метри, дека тежи скоро 350 килограми и дека има автоматска регулација на струјата за оптимален микс меѓу чистењето и пенетрацијата кога се заварува алуминиум.

4242e590a564c131b634757176d39768