Дробење и сеење по мерка на корисникот
► Во производство на машини за дробење и сеење, Metso има акумулирано над едновековно иксуство, кое сега го користи за понуда на широк дијапазон производи кои можат да бидат прилагодени кон специфичните потреби на секој корисник. Во оваа прилика се задржуваме на моделите Lokotrack LT 1213S и Lokotrack LT 120E
Во METSO добро знаат како тешката теренеска работа на дробење и сеење на ископаниот материјал да ја претворат во профиталибен бизнис на клиентот. При постигнувањето на тој ефект од огромна помош им е огромното искуство стекнато во период од преку еден век како и перманентното вложување во усовршување на ангажираниот инженерски кадар кој работи во усовршување на продуктите.
Во портфолиото на фирмата е запишано дека првиот Lokotrack е изграден во 1985 година. Самиот факт дека таа дробилка сеуште е во интензивна експлоатација доволно говори за конструкторскиот пристап. Всушност мобилните дробилки од оваа серија се направени со намера воопшто да немаат празен од – тие мора да бидат на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. И тоа токму на потребната локација.
Како гаранција за непрекинатото децениско служење на Lokotrack дробилките, стојат квалитетот на вградените METSO-компоненти заедно со дизел моторите на Caterpillar.
Lokotrack LT 1213S
Сораbотката на Metso и Caterpillar кај дробилката LT 1213S се оставарува преку дизелскиот аграгат со ознака CAT C13 кој става на располагање цели 310 kW (415 КС). Самата дробилка е од типот Nordberg NP1213M со отвор за полнење 1.320 x 900 mm. Ако оваа преносна дробилка ви делува солидно направена, потврдата доаѓа со податокот за вкупната маса од 51 t.
Lokotrack LT1213S е комплетно опремена мобилна дробилка со ударен систем и голем капацитет, изведена со едно сито и повратен транспорт а преместувањето на самата машина на друга локација едноставно може да се изведе со нископодни камиони. Новоконструираниот двоен заслон и радијалниот повратен транспорт овозможуваат голем капацитет на сепарирање, а единицата за сеење може да се приклучи за само неколку минути. LT1213S може да се подеси за каменоломи но и за рециклирачки апликации, вклучително и асфалт.
Гледано од механички аспект, во LT1213S сериски се вградува напреден менувач кој овозможува ефикасен погон за дробење кој притоа поседува и помош при стартување и сопирање. Од друга страна оптимизираното хидраулично коло, со независен вентилатор за ладење и “стендбај“ функција, ја намалува потрошувачката и до преку 20% овозможувајќи со тоа додатна силина за дробење.
Lokotrack LT120E
Lokotrack LT120E™ со својот хибриден систем претставува ревулуција во мобилните дробилки. Имено, како погон машината може да користи електрична енергија од надворешен извор или пак за генерирање на истата може да се користи дизелскиот мотор CAT C13 од 310 kW / 420 kVA (415 КС). Ова е прв пример во машинската индустрија некоја дробилка да работи на електричен погон. Предностите што ги дава електриката се огледаат во ефикасноста на работа при што е обезбеден најдобар однос на чинењето по обработен тон материјал. Електрично придвижуваните системи за дробење и транспорт освен зголемената ефикасност обезбедуваат и максимална заштита на природната околина.
Поради двојниот систем дробилката тежи 65 t. а за дробење е задолжен кршачот Nordberg C120. Отворот на машината изнесува 1.200 x 870 mm но посебностите на LT120E се однесуваат на можноста корисникот да одбере од широкиот спектар на додатоци и да ја прилагоди дробилката спрема сопствените потреби.
Прецизно изработените компоненти гаранатираат долговечно користење и едноставно оддржување а поради компактните димензии машината може релативно лесно да се транспортира.