Magni Telescopic Handlers

Чудна земја беше Италија…

Блиску до нашиот менталитет но сепак далеку по развиеност, на Италија цело време гледаме погрешно

Секој што макар поминал низ Италија се изненадил од големиот број разно-разни фирми лоцирани покрај патот. Ако пак свртел од него дури и малку во длабочина на италијанските предградија, забележал дека тоа се главно семејни компании кои својот бизнис со гордост го негуваат. Спротивно на глобалните текови каде владеат интернационалните конгломерати, во Италија буквално на секој чекор се среќаваат претпријатија кои своите сосема квалитетни но за жал недоволно познати производи ги нудат по конкуренти цени.
Една таква компанија која се гордее со своето минато и во целост е посветена на својата иднина е Magni Telescopic Handlers, лоцирана во близината на Модена. Градот познат како седиште на славните автомобилски имиња како Ferrari. De Tomaso, Maserati, Pagani и други, е место од каде оваа компанија уште во педесеттите години од минатиот век започнува да ја освојува прво Италија, потоа и Европа, а сега и светот. Нејзиниот основач Пјетро Мањи, заедно со своите синови Рикардо и Џорџо и ќерката Франка во седумдесеттите години од минатиот век ја основаат компанијата Fargh со намена за производство на хидраулични дигалки. Сосема непознат факт е дека првиот хидрауличен телескопски вилушкар во Европа е ниво патентирано дело.

magni_rth_5-23_cvh-1_0По преземањето на бизнисот по несреќата што татко му ја имал на работа, Рикардо се поврзува со сега веќе познатиот Manitou со кој во заедничко претпријатие ги произведува своите конструкции цели 27 години. Од 2009-тата наваму, после четириесетина успешни патенти на ова поле кои останаа во сопственост на партнерската француска компанија, Рикардо со своите два сина и две ќерки се посветува на обновување на идејата на својот татко за креирање компанија која со цела посветеност ќе предводи еден строго специјализиран сегмент. Изборот падна на ротирачките телескопски манипулатори, кои се пласираат под брендот Magni Telescopic Handlers.

Денес компанијата располага со нова модерна фабрика од 6.000 квадратни метри, со годишен производствен капацитет од 1.000 единици. За нивото на критериуми наметнати со семејното наследство и визиите на потомците за иднината нека посведочат фактите таа е дека изградена во согласност со антисеизмички критериуми и целосно е управувана од страна на специјален софтвер. Не само на места како складиштата за готови производи или суровини и репроматеријали што се среќава почесто, туку и на монтажната лента каде точно се знае кој работник што има произведено на секоја работна станица. На тој начин контролата на квалитетот и квантитетот на сработеното е беспрекорна, а на шефовите и менаџерите им е овозможен целосен увид во процесот на производство и предвидување на евентуалните грешки и пропусти.

a17519d2Така, од двете производствени ленти на фабриката непрекинато со ист, да кажеме неконтаминиран квалитет, излегуваат неколку серии телескопски манипулатори, главно со компактни димензии. Наменети за употреба во широк спектар дејности, нивните перформанси најдобро се препознаени во агрикултурата, градежништвото, пристанишните дејности, рударството и тешката индустрија, Се одликуваат со неверојатни универзални карактеристики, а со помош на специјализираните додатоци се претвораат во високопродуктивни машини. Способни се во целост да ги заменат градежните кранови при изградба на станбени објекти, како според височината до која досегаат така и според носивоста на товарот што можат да го подигнат. Овие машини всушност и го покренаа овој тренд во времето на заедничкото работење со Manitou, име кое денес малку незаслужено важи за стандард во оваа класа. Она што не им е познато на операторите е дека тие всушност се дело на италијанскиот ум и посветеноста на работата, која денес живее преку брендот Magni, застапуван во Македонија од страна на Глобал Моторс.

Нивната програма се состои од неколку серии хидраулични телескопски манипулатори, плус неколку специјализирани вилушкари. RTH серијата има модели кои опфаќаат широк спектар од 5 тони подигнувани на 18 метри височина до 6 тони на цели 46 метри, колку што е височината на петнаесеткатница. За тукушто појавениот RTH 6.46 SH модел кој е најголем во гамата, треба да кажеме дека е задвижуван од Mercedes мотор со 231 коњска сила, има хидростатичка трансмисија и хидраулика чувствителна на оптоварувањето, како и дека е долг 8,85 метри и има клиренс од 39 сантиметри што го прави сосема погоден за сите видови градилишта и други работни локации. Нешто помал е моделот 6.24S, во чии основни спецификации е наведено дека може да подигне 6 тони на височина од 24 метри. Моделите чија ознака почнува со бројката 5 што значи дека максималниот капацитет на подигнување им е 5 тони, ги има четири – со дофат од 26, 30, 35 и 39 метри. Покрај овие, се произведуваат уште и повеќе модели од RTH Smart семејството, сите со капацитет од 5 тони кои можат да ги подигнат на височина меѓу 18 и 25 метри. Сé на сé, RTH серијата како препознатлива за Magni ротационите телескопски манипулатори се состои од вкупно 13 модели, на кои заедничка им е ротирачката платформа заради што и имаат најзначајно место на пазарот.

b94abbe3HTH серијата е наменета за работи на кои се бара подигнување меѓу 10 тони на 10 метри и цели 45 тони на 14 метри, а единствениот модел од TH серијата е наменет за подигнување на товар од 6 тони на 20 метри височина. Рангот машини Rickilift, пак, изворно специјално е конструиран за кастрење палми. Тој располага со корпа за 2 до 4 работници со носивост меѓу 500 и 800 килограми, кои може да ги подигне на височина од 11 до 16 метри во зависност од моделот. Плус на сé, бројните додатоци како што се вилушки, куки, витла, корпи, платформи и слично, ги растегаат можностите за употреба на машините на Magni до самите граници на креативноста. Типично италијански, би рекле…