Моќен индустриски секач со 3 години гаранција
Не знам за вас, но кога ќе треба да пресечам парче бетон тоа го правам со брзање во стил на акционен херој од филмовите, што ме прави лекомислен со адреналинот. Се разбира, не го правам тоа 8 часа дневно, секој ден
Но оние што го прават, ќе го ценат новиот Makita EK7301 350-милиметарски секач. Оваа нова бензинска машина на Makita е развиена да ги вклопи најдобрите аспекти на практичноста и ефикасноста. Таа е подобрена во однос на претходната понуда на Makita со побрзо стартување, поголема моќност и помала потрошувачка на гориво.
Makita ЕК7301WS 350-милиметарскиот бензински секач за бетон користи двотактен мотор од 73 cm³ со максимални 5,2 коњски сили. Тој го врти сечилото со брзина до 9.350 вртежи во минута и е доволно голем да биде во можност да одржи пристојна брзина, дури и кога е под оптоварување. Индукциониот калем има функција на за поддршка на стартувањето со која складира електрична енергија со секое повлекување, така што стартувањето е многу полесно. Исто така има преработен карбураторот кој користи подобрени деко-вентил и пружина за подесување за прецизно регулирање на горивото при стартување. Тоа значи помало негово протекување. Makita EK7301 дури доаѓа и со SLR пригушувач за поефикасна потрошувачка на гориво. Пригушувачот ги рециклира несогорените пареи од горивото и овозможува неверојатни 15% подобрување на потрошувачката.
На самиот секач ергономијата е подобрена преку преместување на рачката на стартерот и вентилот за декомпресија на иста страна од алатот. Ова е направено за побрзо стартување. Обложените рачки за операторот имаат четири гумени бафери за апсорпција на вибрациите за покомфорна употреба. Кога ќе држите дијамантска пила за сечење на бетонски рабници, тротоари и други површини со павер елементи, сé што може да ги намали вибрациите се смета за божји дар. Makita EK7301 испушта голема количина издувни гасови кои се исфрлаат настрана од операторот. Кај оваа алатка алуминиумот е користен за заштитните и притисните плочи со цел да се намали нејзината тежина. Раката за сечење лесно се прилагодува од централната кон надворешната позиција, така што може да се сече директно во непосредна близина на рабовите, ѕидовите или веднаш над тлото.
Дополнителните функции за олеснување на употребата вклучуваат петстепен пена-хартија-најлон систем со однапред насочен проток на воздух за негово подобрување, зголемување на моќта и намалување на времето потрошено за одржување (подобра филтрација, полесна замена). Оваа алатка има свои поклоници меѓу екипите кои работат на патни и железнички конструкции, спасувачкиот персонал, општите челични изведувачи, ѕидарите, па дури и градинарите. EK7301 пакетот ги вклучува алатката, универзален кофер, торкс клуч, одвртка и адаптер прстен. Може да се набави и со Makita Dolly & Gravity Feed Tank (модел DT2000) кој може да се користи со градинарски црева, гравитациски резервоар или резервоар под притисок.
Пречник на насадниот отвор на дискот ø 25,4 mm
Макс. длабочина на сечење 122 mm
Мотор двотактен
Моќност на моторот 5,2 KS/3,8 kW
Работен волумен 73 cm³
Резервоар за гориво 1,1 l
Тежина според EPTA 10 kg