Мали машини, голема помош

Ditch Witch ST37X

Компанијата Charles Machine Works од Оклахома претстави нов модел самоодечки ровокопач

Под ознаките на брендот Ditch Witch специјализиран за машини за ископи, оваа американска компанија ја зголеми својата доста широка понуда со моделот ST37X. Направен за тешка работа на градилишта, овој самоодечки ровокопач на гасеници има Yanmar 3TNV88C Tier 4 дизел мотор со 37 коњски сили и интегриран систем за ископ на канали широки до 41 и длабоки до 91 cm. Оперативната тежина му изнесува нешто помалку од два тона, а копањето може да биде централно во однос на неа или од страна.