MAN ја затвора фабрика во Австрија

MAN ќе остави без работа 8.000 луѓе

Производителот на камиони MAN Truck & Bus Österreich ја затвора својата фабрика

Заради проблемите на светскиот пазар, неизвесната иднина на моторите со внатрешно согорување, предизвикот на новите технологии и сé друго, управата на MAN Truck & Bus од Минхен објави пакет мерки за зголемување на оперативните приходи. Но како што сите добро знаеме, тоа е можно само со намалување на оперативните расходи, меѓу кои први на удар секогаш се работните места. Овој пат тие во Австрија, во фабриката Steyr каде се произведуваат лесните и средно-тешките камиони на MAN чие производство ќе биде преселено во Краков, Полска. Таму работат скоро 2.400 луѓе, но тие нема да бидат единствените кои ќе ја почувствуваат долгата рака на штедењето – вклучувајќи ги и кооперантите вкупно е предвидено MAN во Австрија да остави без работа 8.000 луѓе.

Но лошите вести не завршуваат тука – се очекува истата судбина да ја споделат и 3.500 работници во Германија.