MAN Lion’s City

Почеток на нова ера

► Со новата генерација на Lion’s City, MAN Truck & Bus воведува нов тип на градски автобус со нов дизајн и бројни технички иновации

MAN Lions City 2

Оваа генерација градски автобуси во потполност е развиена од почеток и претставува јасно насочување кон ефикасноста, удобноста и ергономијата. Инженерите поставија нови стандарди за сите аспекти од развојот на компонентите, со истовремено задоволување на сите важечки стандарди и прописи, како и оние за кои се очекува дека во иднина ќе бидат пропишани. Новиот градски автобус е пример за новиот дизајнерски пристап, со низа интересни својства. Посебно се истакнуваат ЛЕД светлата, кои покрај одличното осветлување и енергетската ефикасност имаат и долг век од 10.000 работни часа. Големо внимание е посветено на изборот бои и материјали кои ќе создадат угодно опкружување за патниците и возачот. Неговото седиште пак, е репозиционирано за да има подобар преглед на патниците кои влегуваат и излегуваат од автобусот и подобро да се снаоѓа во урбаните услови на возење.

Новата генерација на автобусот MAN Lion’s City официјално ќе биде претставена во март идната година.

MAN Lions City 3