MAN за Agritechnica 2017

Нов мотор, нови камиони

MAN Truck & Bus за саемот Agritechnica кој ќе се одржи од 12 од 18 ноември во Хановер подготвува интересни премиери

Посетителите од целиот свет ќе се интересираат за камионите и влекачите од 38, односно 40 тони наменети за агрикултурни задачи, но способни на патиштата да возат со брзина од 89 km/h. Направени се на основа на моделот TGS, имаат 500 KS, надворешно вратило и хидрауличен load-sensing систем. Погонот, секако, е на сите тркала, на кои се монтирани „земјоделски” пневматици со димензии 445/65 R 22.5 напред и MAN-Engines_New-Offroad-Engine_i6_9L_I_kamioni_ba[1]600/50 R 22.5 назад. Сепак најзначајниот новитет ќе биде новоразвиениот мотор во класата од 9 литри, кој по перформансите ќе се смести меѓу постоечките D08 и D26. Новиот мотор е наменет за земјоделски машини – трактори и комбајни и има нова шестцилиндрична редна конструкција.