Во ова ќе се возиме на Марс кога ќе стигнеме до него
Некои по сé изгледа сериозно ја сфаќаат идејата за патување до Марс. Како ќе се стигне дотаму уште не се знае, но веќе е познато како ќе се патува по неговата површина
Ова е концептот на возилото наменето токму за тоа. Наречено е Mars Rover Concept и беше претставено на фестивалот „Лето на Марс“ во вселенскиот центар Кенеди. Високо е 3,3 метри, тешко три тони и има тркала од 50 инчи специјално направени така да не се оштетат на острите камења и чудниот песок на површината на црвената планета. Батериите, секако, се полнат преку соларни панели.
На површината на Месечината американските астронаути се возеа во возила наречени Lunar Roving Vehicle (LRV). На површината на нашиот природен сателит останаа три такви возила, кои претходно беа однесени во склоп на подготовките за одењето на Месечината, а ги користеа посадите на Аполо 15, 16 и 17 во 1971 и 1972 година.
Патувањето на Марс е планирано за 2030 година.