MAZ-7907

Навистина најголемиот камион на светот

► Големо, поголемо, најголемо, уште поголемо… Од Белорусија ќе да е!

МZKT-79221 не може во целост да ја оправда титулата „најголем“, бидејќи има конкуренција во сопствените редови. Неофицијална, затоа што се работи за камион од кој се направени само два прототипа во 1985 година, кога оваа фабрика се викаше MAZ. Возилото има 12 оски со 24 тркала, а во секое од нив електромотор кој струјата ја добива од гасна турбина со 1.250 KS. Комплетните спецификации не се познати, бидејќи беше развивано за воениот проект Целина-2, кој беше откажан во втората половина од осумдесеттите години. Она што е познато е дека е долг 28,2 метри, широк 4,1 и висок 4,4 метри, дека тежи 65,8 тони и дека е конструиран да носи 150 тони, со брзина од 25 km/h. MAZ-7907 успешно ги има поминато тестовите на советската армија, а по откажувањето на проектот двете возила се вратени на фабриката во Минск, по што овој камион во јавност се има појавено само еднаш, во 1996 година, кога е искористен за транспорт на брод тежок 88 тони и долг 40 метри во северниот дел на Белорусија.

1332249991_truck-auto.info_maz-mzkt-7907_3