Со заштита до ефикасност
► Да се извлече максимална ефикасност во рударството значи да се поседуваат камиони за транспорт кои во секое време се на располагање, и тоа во полна подготвеност
Ниту една апликација поврзана со ископ и обработка на рудата не е едноставна. Ако се задржиме на транспортниот, камионски дел, и повеќе од јасно е дека натоварувањето, транспортот и истоварот треба да функционираат во совршен ред. А тоа воопшто не е едноставно ако се знае дека процесот на товарење е прилично стресен. Притоа одредени делови од каросеријата се изложени на најгруби удари од тешки парчиња на руден материјал, големи камења и други тешки ископини.
Сето тоа е им е одлично познато на рударските практичари, но за среќа и на експертите на Metso. Од таа позиција па се до конкретна понуда за решение на проблемот тие не губат многу време.
Во приликава ќе се осврнеме на нешто што Metso го нарекува, Haul Truck Solution, а што би требало да значи, решение за проблемите на транспортните камиони.
Понудениот пакет содржи систем за обложување на камионските приколки, предходно планирање, вградување на надзор, инспекција на работната локација како и развивање на специјални додатоци. Сите тие се проектирани само со една цел: намалување на трошоците за оддржување и сервисирање што директно влијаат на зголемување на продуктивноста.
Oбложување на товарниот дел
Земaјќи го предвид огромното практично искуство стекнато од најтешките ископини, експертите на Metso развија систем на обложување со гумени облоги кој овозможува бројни предности над класичните обработки од челик.
Trellex гумените плочи овозможуваат и преку четири пати поголема издржливост во однос на стандардните изработки.
Така обработените површини во голема мера ги апсорбираат ударите од големите блокови кои паѓаат врз приколката. Исто така системот овозможува во голема мера да биде апсорбирана кинетичката енергија предизивикана од ударите кои ги трпат и останатите делови од амортизацијата, трансмисијата, пневматиците и носечката структура, всушност ударите кои ги трпи камионот како целина. Што тоа значи од аспект на одржување и ефикаснот на пренесен товар по тона, може многу едноставно да се иксалкулира.
Како додатна предност на обложување со овие гумени панели се истакнува податокот дека може да бидат заменети само одредени делови без потреба од менување на целата облога. Земајќи предвид дека Trellex гумените облоги се изработени од смеса која е исклучително отпорна на удари и влага тоа истовремено значи и подобрена корозивна заштита на металните делови.
Сите овие факти повторно одат на контото на редукција на трошоците.
Едноставна инсталација
Штом еднаш се постават облогите од системот Body Lining System можете слободно да заборавите на нив. А и самиот чин на поставување при што се користи техника на заварување со клинови воопшто не претставува некоја сложена операција. Системот е модуларен и во случај на евентуално оштетување тој може едноставно да се заемени и работниот циклус бргу потоа да продолжи. Замислете го истото тоа оддржување како би изгледало без заштитните облоги односно со стандардната челична конструкција.
Како пример за брзата и едноставна монтажа нека послужи примерот со 400-тонски камион за кој, во зависност од условите, се потребни помеѓу 32 и 72 часа. Основен предуслов е камионот да е исчистен, сув и со неоштетени површини на товарниот простор. Во спортивно најпрвин треба поправка на оштетувањата па потоа може да се изврши обложувањето со гумените панели.
Основната гаранција од три години е доволен дока за увереноста на Metso во квалитетот на производот што го нуди. Кога кон оваа гаранција се додадат и останатите пакети во кои се вклучени, од експертиза за потребите, преку супервизија на монтажата па се до евентуалната замена на оштетените делови, се отстранува и последниот сомнеж околу оправданоста на инвестицијата.
Неспорни предности
Околу економичноста на заштита на товарниот простор веќе кажавме погоре. Кон таа компаративна предност може да се додадат и видното намалување на вибрациите и бучавата. На пример, бучавата при натоварување се намалува за 10-15 децибели или поинаку кажано за половина. Освен што тоа значи исполнување на еколошките норми во одредени земји, тоа воедно значи и попријатен работен амбиент за операторите што пак од друга страна директно влијае на зголемување на продуктивноста.
Како пример за сите наведени карактеристики може да послужи рудник за ископ на бакарна руда во Мексико каде што заштита е вградена во 2006 на камион CAT 793 која и после 29 илјади работни часови сеуште работи. На истата по 20 илјади часа се променети палети на површина од 25%. Тој податок беше доволен за потоа истиот систем на заштита да биде вграден уште на 18 камиони од марките Komatsu 830, CAT 793 и CAT 797. Ова е убав пример на докажаната вистина дека практика е најдобра реклама за квалитетот на еден производ.