Metso MX4 Multi-Action Cone Crusher

Гигантски скок на продуктивноста

Конусната дробилка MX4 се базира на патентираната Multi-Action технологија која ги комбинира ударниот клип и ротирачкиот сад во една иста дробилка

Без никакви дилеми, одлучувачки момент при инвестирањето во работни машини се доверливоста и трајноста. Но кога се работи за производител од калибарот на Metso, тие два момента воопшто не се диксутираат, па затоа се преминува на ново, повисоко ниво. Во случајот на Metso тогаш говориме за зголемени перформанси кои преку поголема ефикасност обезбедуваат екстра профит за производителот. Лесно е да се констатира, но притоа главното прашање гласи: како тоа го прави финскиот индустриски гигант?

Повеќе функции, една цел

Колку и да изгледа неверојатно сепак одговорот е крајно едноставен: постојан развој! Токму како плод на тој пристап, новата конусна дробилка MX4 обезбедува перформанси кои изразени во бројки значат: +10 проценти зголемување на активното време на ангажира ност; 10% намалување на оперативните трошоци; за 70% зголемување на истрајноста на потрошните површини на деловите; револуционерна мулти системска технологија на дробење; контрола и селекција на обработениот материјал, и на крајот сето тоа зачинето со безбедно раководење и едноставно оддржување.

Каменоломот на бразилската компанија Minermix, лоциран во државата Сао Паоло, од почетокот на минатата година ја користи најновата технологија за дробење на Metso. Во процесот на примарната фаза на дробење тие ја употребуваат челустната дробилка Metso Nordberg C125. Потоа дробењето го презема секундарна конусна дробилка Nordberg HP400, а според потребите терцијалното дробење го извршуваат две паралелни линии.

Сé до јануари 2016 година секундарното дробење го извршуваа две HP4 дробилки (ангажирани од 2010 год. ) на кои потоа им се приклучи најновата конусна дробилка, Metso MX4 Multi-Action. За да ја расчистиме дилемата околу бројката „4“ во ознаката, само накратко, таа се однесува на 400-те КС со кои располага погонскиот агрегат.

Капацитетот од 200 илјади метрички тони кој каменолотмот го оставрува просечно секој месец, и тоа во период од последниве 7 години, јасно укажува на димензиите на најголемиот бразилски каменолом (членка на групацијата Extrabase). Споменатиот датум од кога во процесот на дробење е вклучена новата конусна дробилка, Metso MX4 Multi-Action, според извори од Minermix значи и пораст на продуктивноста за неверојатни 30%. Истото е пропратено и со зголемување на квалитетот на обработениот материјал.

Би било добро накратко да погледнеме на што се должи тоа.

Комбиниција од познати системи

Сите овие поглавја заслужуваат посебен осврт со детално образложение за вградените решенија, но во оваа прилика ќе се задржиме само на делот околу двата системи за дробење.

Всушност се работи за два добро познати системи – вертикално придвижување на ударниот клип и ротирање на садот околу таа оска. Оваа комбинација овозможува подесување на сите параметри на дробењето и тоа без интервенција на операторот, и што е уште поважно без сопирање на машината. Од друга страна, штом контролниот електронски систем забележи отстапување од работните параметри веднаш интервенира, па така дробениот материјал повторно се враќа на доработка.

Ако кон ова го додадеме и фактот што комбинираниот систем на дробење овозможува и намалување на процентот на штетната прашина која се јавува при дробењето. Со овој податок кој е од есенцијална важност за производителите на бетон, ја надополнуваме сликата околу ефикасноста и употребливоста на Metso MX4 Multi-Action.

Технички спецификации Metso Mx4 Multi-Action

Макс. силина 315 kW (400 КС)
Хранилка 257 mm
Минимално подесување 8 mm
Пречник на главата 1. 175 mm
Должина 3. 700 mm
Широчина 2. 840 mm
Височина 2. 930 mm
Тежина 21. 200 kg
Максимален проток 430–600 t/h
Производство на чакал 160–220 t/h
0/20 mm 220–285 t/h
0/10 mm 130–160 t/h
Производство на песок 60–80 t/h