Ефикасно испирање на песок
Мetso прочистувачите на песок се класични машини за исцедување на водата и ефикасно прочистување на песокот од нечистотии и муљ
Секаде каде што е потребна тешка работа на кршење и дробење на камен и рударски ископини, нормално е да се очекува тоа да го прават машини на Metso, најголемиот светски производител на системи за дробење и понатамошна обработка на цврстиот материјал.
Но Metso не застанува тука – прочистувачите на песок се машини кои го заслужуваат целосното внимание на професионалците од таа област.
Серијата на прочистувачи на песок SF2360 – SF2975 се оспособени да отстранат честички со големина од 100 до 120 микрни. Притоа таа работа ќе ја изведат со висока продуктивност и мали трошоци на експлоатација. Сé што е потребно за изведување на делокатниот процес на прочистување е мала погонска сила и минимални побарувања за одржување на процесот.
Како функционира?
Мешавината од песок и вода се уфрла во јамката преку централно поставен отвор во кој под ситото се наоѓа цевка за одводнување. Така материјалот влегува во коритото кое не е опфатено со транспортната спирала на одводнувачкото тркало. Потоа песокот сместен на дното на жлебот се зафаќа од споро движечката транспортна спирала и се одведува до тркалото за одводнување.
Отпадната вода преку браната истекува на спрoтивната страна на машината.
Следен чекор во процесот е истурање на материјалот врз ситото за одводнување. За постигнување поголем ефект на одводнување, Metso вградува оригинално ESU сито кое е интегрирано во самата машина.
На крајот како продукт имаме максимално прочистен и одводенет песок кој потоа може директно да се користи за посебни намени.
Технички специфики
Од техничките предности кои ја издвојуваат оваа серија производителот ги истакнува исклучително ниските трошоци при работа, широкото корито, тешкото тркало за одводнување, спорото движење на транспортната спирала, намаленото абење дури и при работа со абразивен материјал како и електронската контрола на влезот на хранилката кој ја котролира брзината на полнење што овозможува оптимален квалитет на одводениот песок.