Metso Trellex LS

Просевни површини за секоја потреба

Системот Trellex LS претставува резултат на преку 50 годишен непрекинат развој и искуство. Овој модуларен систем за сепарирање се монтира надолжно и може да се вгради во било која постројка, овозможувајќи голем ефект и минимално време на прекин

Градежните оперативци посебно ја ценат можноста да им биде понуден материјал со специфична градација. Од другата страна на таа понуда стојат сепарациите кои треба да пружат брза и квалитетна услуга, без притоа да бидат изложени на посебни прилагодувања на своите постројки, се рабира, без непотребни застои кои создаваат додатни трошоци.

Во помирување на овие два, најчесто спротивставени услови, се поставува Trellex со својот широк опсег на просевни површини од серијата LS Range.

Кога веќе говориме за Trellex, да потсетиме дека производителот на специјализирана опрема наменета за рударство и каменоломи, функционира во рамки на финскиот гигант, Metso.

Пет серии на модуларниот систем

Системите Trellex LS Range се целосно модуларни, што значи дека можат да се вградат во сите постоечки сеалки кои се користат ширум светот. Интересно е притоа што за монтирање на било која компонента од овој систем, не е потребно сечење ниту пак заварување на постоечките транспортни конструкции. Дополнителна поволност е што за сите видови модули на располагање се ставаат и заштита на страничните ѕидови односно можноста секое сито да може да се комбинира со странична заштита која ќе одговара на постоечкиот систем.

Trellex LS Range се изработуваат од лесна гума или од полиуретан, лесни се за монтажа и замена, па дури е водено сметка после завршување на работниот век тие да бидат и рециклирани.

Во секој случај говориме за конструкторски дизајн во кој е строго водено сметка за максимална пропусност и минимално време потребно за евентуални интервенции.

Во LS Range се вклучени пет серии кои меѓусебно се разликуваат според намената и функционалноста: Standard Range, HiPer Flow, HiPer Life, HiPer Clean и HiPer Drain.

Дизајн за специфични потреби

Кога говориме за посебните серии, Standard Range се карактеризира со достапност односно со брзо менување на модулите без разлика на работните услови. Од друга страна HiPer Flow овозможува најмалку за 20% зголемена активна површина со што во значајна мера се зголемува капацитетот на обработениот материјал. Следни од серијата се HiPer Life модулите кои се изработени од дебели носечки ѕидови што овозможува издржливост и продолжен работен век, додека дизајнот на HiPer Clean модулите ќе овозможи прецизен процес и ќе гарантира постојана чистота на решетката. Последна во низата е HiPer Drain, како што сугерира и самото име, оваа серија ќе се погрижи за ефикасно одводнување а со тоа и прецизен процес на сепарација.

Заедничко при проектирањето на сите овие модуларни системи е фактот што производителот се погрижил да обезбеди целосна услуга, односно комплетен систем за сепарирање. Па така, освен набројаните модули, Trellex нуди и заштита на бочните ѕидови, потоа носечки шини, надоградба на транспортните ленти како и опрема за работните површини.

Без разлика за која серија на модули се работи, инженерите на Trellex со конструирањето на LS Range се погрижиле да обезбедат широк спектар на димензии како на самите модули така и на решетките. Со тоа им се излегува во пресрет на сите барања на корисниците и тоа без разлика на видот и марката на опремата што ја поседуваат.