Metso

Инвестиција во иднината

Капацитетот на фабриката на Metso во Тампере ќе се зголеми

Инвестицијата не е голема но е значајна – со помош на еден милион евра Metso ќе ја унапреди фабриката за мобилните дробилки Lokotrack. Со новата производствената линија времето за производство на машините значително ќе се намали, а ќе се зголеми безбедноста за работниците и посетителите кои го следат процесот на производство. Работите на новата линија ќе започнат уште летово, а првата машина од неа се очекува да излезе во првиот квартал 2018 година. Сегашната Speedline 1 производствена линија има капацитет за производство на една машина од околу 50 тони во текот на една работна смена. Со промената на методот на монтажа и новата Speedline 2 линија, продуктивноста ќе се зголеми за повеќе од 30%. Ќе биде овозможено и производство на поголемите модели, како што се LT120, LT300HP/GP и LT220D.