За век и веков
Патиштата може да се реновираат, мостовите наново да се изградат, ама тунелите остануваат такви какви биле направени – за век и веков
Тунелите се битен дел од јавната инфраструктура. Тие поврзуваат региони до кои без нив тешко би се дошло. Нивното значење е од суштински и стратешки интерес и затоа мора да траат со децении. Всушност со векови, бидејќи, да си земеме малку авторска слобода во изразувањето, патиштата може да се реновираат, мостовите наново да се изградат, ама тунелите остануваат такви какви биле направени – за век и веков. А за тоа време низ нив ќе поминат милиони луѓе и милиони тона стока. Тунелите не треба да бидат ефикасни само кога се нови, туку цел низ години што претстојат. И безбедни, секако.
А да се направат тунелите безбедни, е доста комплексно. Тоа не е работа за која треба да се изнајде брзо решение, туку е потребна експертиза во проектирањето и димензионирањето на потпорите на тунелот, како и механички и хемиски решенија кои ќе го продолжуваат неговиот животен век на траење. Решенијата на потпорите на тунелот, на пример, мора да ги земат во обзир геолошките промени, влијанието на оптоварувањата кои доаѓаат од сообраќајот, нивото и течењето на водата и сите други ризици, но и влијанието на животната околина како денес така и во иднина.
Експерти за сето тоа се Minova. Оваа германска компанија комбинира стручност и децении искуства со првокласни решенија за механичка и хемиска потпора на тунелите. Знаењето ги прави комплетни партнери за дискусија за било кој тунел – од фазата на проектирање на нови, преку реновирањето на постоечките до затворањето и ставањето вон употреба на оние кои го ислужија своето. Minova тежнее кон максимизирање на безбедноста и одржување на способностите на тунелите и краткорочно, и на долги периоди. Се грижи и за неопходното ниво на сигурност за време на изградбата, пуштањето во употреба и низ целиот работен век на тунелот. Minova ги подржува сите методи на изградба, вклучувајќи континуирана и цикличка метода, како и просекување и покривање.
Но без оглед на методата, потпората е потребна пред и после ископувања или изградба за да се обезбедат и безбедноста, и одржливоста. За воопшто да се напредува во градбата, заради деформациите на карпите потребно е предзацврстување, односно обезбедување на тлото за ископување на тунелот. Со него комплетно се елиминира работата во несигурни подрачја и се намалува ризикот од паѓање на таванот или челото за време на ископувањето. Кога тунелот е ископан, потребно е зацврстување на карпите за понатамошен продолжеток на работите. Со него се стабилизира тлото и зголемува природната сила на карпите, како и спречува идното разлабавување на масата и намалуваат деформациите кои ќе бидат предизвикани од понатамошното ископување. За идна стабилизација на тунелите и обезбедување на контрола на водата, тунелот се заптива со привремена, а подоцна и со постојана облога како би се осигурало да го проживи целиот свој век на траење.
Многу тунели во светот се блиску или веќе го имаат надминато својот оригинално проектиран век на траење. Тие треба да се реновираат, да се обноват за да им се зголеми капацитетот и безбедноста, или пак да се реставрираат за да им се продолжи векот на траење и зголеми сигурноста, при што често мораат да останат во употреба за време на работите. За продолжување на векот на траење и зголемување на безбедноста, тунелите можат да се засилат. Зависно од состојбата на тунелот и геолошката околина, може да биде потребно дополнително зацврстување и за време на векот на траење на тунелот.
Ова е само есенцијален дел од проблематиката која се среќава во тунелоградбата и одржувањето на тунелите. Minova како водечки снабдувач на материјали за оваа дејност, за секој нејзин сегмент има соодветни решенија на база на хемикалии, челик, инекциони облоги, цементни смеси… Исто така и на соодветна опрема и услуги кои се користат во градежништвото. Сопствениот инженеринг базиран на 135-те години искуство во индустриската специјализација кажуваат доволно за способностите на оваа компанија за развој и иновации во технологиите на супериорни производи кои гарантираат квалитет на сработеното и ја штитат животната средина. Како дел од австралиската група Orica Limited, Minova ја има силата на голема светска корпорација. Тоа овозможи адаптирање на различите услови на различните пазари и пронаоѓање на разни решенија за разни клиентите. Со преку 230 патентирани хемиски, цементни и челични изуми, Minova има портфолио со кое може да ги задоволи потребите на клиентите од областите на рударството, градежништвото и тунелоградбата.