Дебел минус каков што никој не може ни да претпостави
Една вест од соседството ни привлече внимание – финансискиот извештај за јавното претпријатие Путеви Србије
Основано во 2005 година, тоа со своите 1.553 вработени има за задача да ја собира патарината и да ги одржува патиштата – колку успешно знаат не само жителите на Србија туку и сите што патуваат таму, но она што не го знаат е дека ова претпријатие во 2016 година од патарини, такси и останатите сопствени приходи има собрано 18 милијарди динари, од буџетот во вид на субвенции има добиено 8 милијарди динари, а има потрошено цели 39 милијарди српски динари, што значи дека имаат потрошено за 50% повеќе пари отколку што имале. Машала!