Најбрзиот камион на светот

Соборувајќи два светски рекорда, Volvo Iron Knight стана најбрзиот камион на светот

► Iron Knight на Volvo Trucks е најбрзиот камион на светот – во две категории. Тој го собори рекордот за брзина со старт од мирување во категориите на 500 и 1.000 метри. Соборувачот на рекорди е специјално изработен во секој поглед, со исклучок на моторот и сериски произведената I-Shift трансмисија со двојна спојка

T2016_0334
T2016_0333 – Copy
T2016_0332
T2016_0331
T2016_0330 – Copy
T2016_0326
T2016_0325
T2016_0324 – Copy
T2016_0323
T2016_0320 – Copy
T2016_0319

Iron Knight на Volvo Trucks, возен од Боије Увебринк, сега ги држи официјалните рекорди за брзина на растојанија од 500 и 1.000 метри. Во текот на изработката на камионот, експертскиот тим од Volvo Trucks пронајде иновативни начини за обединување на технологиите и дизајнот. „Ова покажува дека нашата I-Shift трансмисија со двојна спојка има огромен потенцијал и дека нема да ве изневери ни при екстремни услови. Фактот што соборувачот на светски рекорди го користи токму истиот менувач што се вградува во сериски произведените камиони од FH семејството е нешто на што навистина сме многу горди“, рече Клаес Нилсон, претседател на Volvo Trucks.

Меѓународниот рекорд за брзина на растојание од 1.000 метри со старт од мирување Volvo Iron Knight го собори со просечна брзина од 169 km/h и време од 21,29 секунди. Тој исто така го собори и рекордот на 500 метри, со брзина од 131,29 km/h и време од 13,71 секунди. Рекордното возењето беше изведено на затворена тест-патека во северна Шведска и беше признаено од страна на меѓународната федерација за автомобилизам FIA. „Специјалисти од неколку различни оддели на Volvo Trucks заеднички работеа за да развијат камион со ненадминати перформанси. Освен погонската група на Volvo Trucks, која е срцето и душата на Iron Knight, ние рачно, од нула, го направивме камионот. Фактот што успеавме да освоиме не еден, туку два рекорди е апсолутно неверојатен“, рече Улоф Јохансон, техничар во Volvo Trucks.

Возењето беше изведено во возачкиот центар Шелефтео, поранешен аеродром надвор од истоименото место во северна Шведска. Меѓународната федерација за автомобилизам FIA го следеше и го потврди рекордот за брзина. Камионот го помина растојанието во двете насоки. Врз основа на овие две возења, беа пресметани просечното време и брзината. Рекордниот резултат што го објави FIA е просечната брзина во двете насоки.

Зад управувачот на Iron Knight беше Боије Увебринк, кој има повеќе од 30 години искуство во трки со автомобили и камиони. Тој претходно има соборено пет брзински рекорди, а во 1994 година беше европски шампион во трки со камиони. „Iron Knight на Volvo Trucks може да се резимира со еден збор: совршенство! Тој прекрасно изгледа и претставува извор на неспоредлива моќ кога ќе се притисне до крај педалата за гас. Ова е третиот камион што сум го возел кој соборил рекорд и не можам да замислам подобар камион после Wild Viking и Mean Green“, рече Боије Увебринк.

Iron Knight – камион кој соборува рекорди
  • Со 2.400 KS, вртежен момент од 6.000 Nm и маса од 4,5 тони, Iron Knight има сооднос моќност-маса поголем од 0,5 KS/kg
  • Централно поставениот мотор е од серијата D13, значително модифициран со интеркулер разладуван со вода и четири турбокомпресори
  • I-Shift трансмисијата со двојна спојка го одржува преносот на вртежниот момент во текот на менувањето на степените на пренос. Освен зајакнатата спојка (дисковите и потисните плочи се направени од синтетички материјал), Iron Knight го користи истиот менувач кој сериски се вградува во Volvo FH камионите
  • Електрониката е сведена на минимум за да се намали масата на возилото
  • Софтверот е репрограмиран за да овозможи максимални перформанси
  • Кабината е аеродинамички оптимизирана и е направена од стаклопластика. Страничните одбојници имаат големи отвори за внесување воздух за да го снабдат моторот со воздух за ладење
  • Во текот на рекордното возење Iron Knight достигна максимална брзина од 276 km/h
Други камиони на Volvo Trucks кои собориле рекорд:
  • 2007: Wild Viking (1.600 KS) го собори светскиот рекорд на растојание од 1.000 метри со старт од мирување со просечна брзина од 158,8 km/h
  • 2010: Рекордот за истото растојание беше срушен од страна на NH D16 (1.800 KS) кој постигна просечна брзина од 166,7 km/h
  • 2011: Хибридниот камион Mean Green (дизел мотор со 1.800 KS плус електромотор со 300 KS) постави нов рекорд на растојание од 500 и 1.000 метри со старт од мирување, со просечни брзини од 115,3 km/h и 152,2 km/h соодветно
  • 2012: Mean Green учествуваше во категоријата 1.000 метри со летачки старт и постави нов рекорд со просечна брзина од 236,6 km/h