Напредни моторни масла

Wolf Officialtech 0W20 LL FE со сертификат од VW

Напредното моторно масло на Wolf, Officialtech 0W20 LL FE, доби официјално одобрување од страна на Volkswagen за користење во најновите мотори на возилата произведени од групацијата кои бараат масла со спецификација VW 508 00 или 509 00

Wolf Officialtech 0W20 LL FE 2Поточно, тоа се однесува на TFSi моторите со зафатнина од два литри и 190 KS и трилитарските TDi CR мотори со 218 KS произведени после средината на 2015 година. Маслото Wolf Officialtech 0W20 LL FE беше испитано од страна на VW, кој потврди дека загарантирано ги исполнува нивните највисоки стандарди. Издадениот сертификат овозможува ова масло да се користи во наведените мотори на VW и во гарантниот рок. Ова масло е развиено за да се продолжи векот на траење на моторите и задржи ефикасноста на системите за емисиите во издувните гасови. Обезбедува одлична чистота на моторот, заштита од абење и негова голема издржливост. Ниската вискозност овозможува и значителна заштита на гориво. Заради своите специфики, ова масло не може да се користи со моторите кои бараат постар спецификации на масла.