Nokian Hakkapeliitta Truck F2

Зимски пневматици за управувачки оски

Nokian Heavy Tyres претстави нови зимски пневматици за управувачките оски на камионите и автобусите

Зимата е далеку зад нас, но не смее да се заборави – ниту потцени. Што значат зимските пневматици, посебно за управувачките оски на тешките товарни возила, добро знаат оние што се нашле на мака со неа. Но ако кај нас сé уште има такви што сметаат дека заради поблагите климатски услови тие не се неопходни, на северот во Европа мислат поинаку. Затоа и знаат како да направат зимски пневматици со кои возачот нема да му ја мисли дали ќе закочи, ќе успее да сврти, или пак…

Но, да не зборуваме и да оставиме ова кратко видео да каже сé што треба да се каже.