Nokian MPT Agile 2

Off-road пневматици за најтешки услови

Nokian Heavy Tyres има off-road пневматици наменети за најтешки услови, кои својата примена ќе ја најдат кај воените возила, спасувачките служби и за сите со големи барања

Карактеристика на овие пневматици е што еднакво добро се однесуваат и на асфалт и на беспаќа, при било која брзина на движење и обезбедуваат квалитетно прилепување на патот така што нема да изневерат и во најкритичните моменти. Пневматиците Nokian MPT Agile 2 се настанати во повеќегодишна соработка со финските одбранбени сили и создадени да се можат да се справат со најтешките услови на возење – на лизгав или доста груб терен, остри камења, кал, снег…

„Клучен фактор кај добрите off-road пневматици е употребливоста. Тие мора еднакво добро да работат и на тврда и на мека подлога – секаде каде е потребно“, објаснува Тепо Силтанен, продукт менаџер во Nokian Heavy Tyres. Како што и самиот назив наговестува, пневматиците Nokian MPT Agile 2 обезбедуваат агилност и подвижност и припаѓаат на втората генерација вакви пневматици. „Оригиналните Nokian MPT Agile пневматици се докажаа безброј пати досега. Меѓутоа, преку интензивен развој, подготвивме уште подобри пневматици, со подобра управливост и отпорност на различни влијанија“, додава Силтанен.

Најзначајната измена кај овие пневматици е симетричниот дезен на газечкиот слој, што осигурува подобри перформанси без оглед на насоката на ротација. Исто така, со нивниот дезен е постигнато подобро надолжно и попречно прилепување и самочистење.