Тековите во историјата и нивните повторувања
► Неаполскиот филозоф Џанбатиста Вико (1668-1744) елаборирал теорија на историјата на човештвото во која верувал дека повторувањето на одредени настани на ист начин, во далечни временски дистанци, не се по случајност туку по чист дизајн
Мобилна асфалтна база XPress 2500 произведена од Marini во Алфонсине, Равена, е чист пример на горекажаното и еве зошто…
Нафтената криза од 1970-тите беше проследена со рапиден развој на нафтено произведувачките нации, што го покрена растот на изградба на патишта и аеродроми. За да се одговори на тие фреквентни промени на локации/градилишта, Marini дизајнираше 90-170 тонска асфалтна база која можела да се монтира со лимитирана зависност од кранови.
Во следните години, Marini престана да ја произведува оваа мобилна база и почна да го прати пазарниот тренд, кој ги фаворизираше таканаречените фиксно-преносливи бази. Тоа значеше концентрација на производство на традиционални асфалтни бази за долготрајна поставеност, кои го немаа проблемот за брза инсталација и достапност на кранови.
Сегашната економска криза и долготрајната стагнација на европскиот пазар, доведоа до градители на патишта кои бараат нови нетрадиционални работни можности во своите земји, како и надвор.
Сега, да се навратиме на повторувачките текови на историјата. Градителите на патишта, кои се соочија со недостигот на нови проекти на домашниот пазар, покажаа зголемена тенденција да учестуваат на тендери за нови патишта ширум светот. Поради ова, се создаде барање за лесно преносливи монтирани на шасии, асфалтни бази, способни да се постават и на најтешките логистички ситуации и градилишта.
И новата Marini XPress 2500 асф. база е одговорот на овие нови барања.
Со имањето на предност од минатото искуство, комбинирано со најновите достапни техники на најмодерните асфалтни бази, Marini создаде уникатна асфалтна база во категорија сама за себе: база со високо производство (до 200 тони/час), монтирана на шасии за лесен транспорт, во рамки на транспортните дозволи (сите до 2.5 m, со главната приколка 3 m).
Бетонски фундаменти не се потребни, подлогата треба да е едноставно набиена, колку да ги задоволи основните барања на металните основи на кои базата ќе биде монтирана.
Базата XPress 2500 не бара никаква опрема за подигање. Самата база има инкорпорирано хидраулична погонска единица, што значи дека во најкраток можен рок користејќи хидраулични цилиндри, целата база може да биде подигната и позиционирана за работа.
Главната (рамка) полуприколка на 3 осовини, се состои од:
- Сито со 5 избори на просејување + директно празнење
- 5 + 1 збирни бункери под ситото
- Единица за вагање на материјалите и миксер (2500 kg/mix)
- Вагање на филер и битумен
- Елеватор за жешка маса и полжавест транспортер на повратниот филер, прикачен во средина со 90° ротација при работа
- Компресор за водух и контролна кабина
Додека самата инсталација се одвива, така што:
- Ситото е електрички транспортирано на врвот на кулата
- Главната приколка е хидраулички подигната од земјата
- Елеваторот се врти за да ја достигне крајната позиција
Низа на последователни лесни работни операции и сетови за само-еректирање, ја кратат потребата од користење на трети страни за монтажата. Пространи пристапни места се овозможени низ целата база, за да осигурат подобра сигурност и брзина при сите интервенции на одржување.
Стандарниот XPress 2500 модел, има единица од 5 мобилни предозатори за агрегат монтирани на 2-осовинска полуприколка, секој со капацитет од 11 m3, со можност за преинсталација за хранење на рециклиран асфалт (RAP) и подржувач за механичка лопата, која ги храни бункерите со агрегати.
Сушарата има капацитет да произведе 200 тони/час агрегати кои содржат 3% влажност. Како и останатите делови, и сушарата е полу-приколка на 2 осовини.
Бренерот и поврзувачкиот канал до вреќестиот филтер се преинсталирани во фабрика и спремни за работа. Како и сите Marini сушари, и оваа е опремена со прстен за додавање на рециклиран асфалт. Рамката е стабилизирана на 4 потпорни нозе и прицврстени на метални основи. Различни димензии на сушари се достапни, за секаков вид на производство.
Вреќестиот филтер со повеќе од 660 m2 површина за филтрирање е монтиран на 2 осовинска полуприколка во рамки на дозволените транспортни граници. Под него е вграден силос за топлиот повратен филер.
На истата рамка, издувниот вентилатор е прицврстен заедно со полжавот за излез на прекумерниот филер. Полуприколката е монтирана на потпорни нозе и метални основи, а алуминиумскиот оџак може да се монтира без употреба на кран.
Празнењето на готовиот асфалт може да биде изведено директно во камиони или преку мобилен 20 m3 само-еректирачки силос (2-осовинска полуприколка).
Многу опции и високо ниво на квалитет
Флексибилноста е апсолутен приоритет за Marini. Освен системот за производство на пенест битумен (AquaBlack) за производство на топол микс асфалт при ниски температури, моделот XPress може да биде опремен и со серија додатоци, од традиционалниот Marini рециклирачки прстен, се до ладно рециклирање директно во миксерот. Благодарение на новиот иновативен дизајн, можат да се постигнат значително високи нивоа на рециклираност, како од аспект на заштита на природната средина така и од аспект на кратење на трошоците – користење на рециклиран асфалт од 25% до 40%, во одредени случаи.
Marini комбинира технологија и искуство за да постигне квалитет и доверливост во сите свои компоненти и делови. Моделот XPress може да биде опремен со специјални Marini Endurance плочи против абење, кои можат да издржат абразија дури и 6 пати повеќе од традиционалните плочи.
Со асфалтната база XPress 2500, Marini додаде уште еден бисер во своето богатство на асфалтни бази, кои повеќе од еден век нудат индивидуални решенија на дури и најспецифичните барања на клиентите.
Технички податоци
XPress | 2500 – E 206 | 2500 P – E 220 |
Сушара (барабан) тип | E 206 | E 220 |
Должина | 8.5 m | 9.0 m |
Дијаметар | 2.06 m | 2.20 m |
Вреќест филтер | ||
Површина на филтерот | 663 m² | 750 m² |
Кула за мешање | ||
Прегради под ситото | 5 или 5+1 прегради | |
Вкупна површина на ситото | 26.9 m² (5 големини) | |
Капацитет на чување на топол агрегат | 19 t | |
Капацитет на миксерот | 2.500 kg | |
Производство при 3% влажност (ΔT 140°C) | 200 t/h | 200 t/h |
Производство при 5% влажност (ΔT 140°C) | 160 t/h | 200 t/h |
Силос за готов материјал / прегради |
|