Мобилен амал
► Германците имаат машини за сé – дури и за амалски работи
Жив доказ е ова видео од Vacu-Pallet-Mobil машината на производителот Optimas. Замислена е да биде идеална алатка за поставување рабници и слични тешки бетонски блокови, камени плочи и друго. Брзото, евтино и економично работење е дополнето со можноста за делување на тесни места, каде друга машина не може да пријде или пак маневрира. Носивоста при подигнување и е 140 килограми, а при транспорт 1.600. Тешка е 1.150 килограми и се задвижува со бензински Honda IGX 440 мотор со еден цилиндар и 15 коњски сили. Димензиите на овој мултиталент изнесуваат 2.260×1.850×2.100 mm што го прават погоден за транспорт на приколка од автомобил, а широчината на работната платформа е 1.320 mm. Интегрираната вакуумска технологија за подигнување со гумена цевка е поставена на преклоплива конструкција со домет од 3 метри и агол на оперирање од 360°, додека хидрауличното балансирање гарантира безбедност и прецизност во работата.