Pakelo масла и лубриканти

Што ја разликува работата од уметноста? Одговорот гласи: квалитетот!

Италијанскиот производител на масла и лубриканти со својот огромен асортиман наликува на кројач кој спрема секој поединец крои посебно одело. Во оваа паралела се содржани мноштво продукти наменети за користење од супер спортски болиди па се до специјални масла и мазива за работни машини

Сите добро знаеме какви супер спортиви произведуваат италијанските мајстори специјализирани за постигнување максимални перформанси. Можеби помалку сме запознаени со широката палета на работни машини кои исто така излегуваат од италијанските погони. И јасно, тука е цела палета на возила и специјални машини кои се сместени помеѓу овие две крајности.

Не говориме тука само за технички диверзитети туку за палета на возила и машини кои имаат најразлични карактеристики на маслата и лубрикантите што се користат кај нив.

Токму за задоволување на тој широк спектар на возила, во далечната 1930 година е формирана семејната компанија, Pakelo. Врвните производи кои се плод на преку 8-децениски развој, преку инвентивноста на домашната компанија UNIPartsDS се достапни и на нашите купувачи.

За да го доловиме квалитетот на Pakelo маслата и лубрикантите доволно илустративно ќе биде само да го истакнеме мотото под кое работат италијаните уште од самото формирање: “Задоволството на потрошувачот на прво место“. Лесно е да се каже, но за исполнување на тој своевиден завет потребни се беспрегорна посветеност и големи човечки и материјални ресурси. Цврстото држење до мотото, за Pakelo значи создавање на производи токму за исполнување на таа цел. Тоа се постигнува преку максимална флексибилност во развојот на производи кои можат да ги задоволат високо поставените критериуми и потреби на професионалните корисници.

Континуираниот раст на фирмата може да се согледа и од фактот што минатата година Pakelo отовори нов производен погон како и нова управна зграда.

Во производство моментно се преку илјади продукти наменети за сите видови индустрии, а како поддршка на широката палета на производи, компанијата е поделена на неколку главни сектори:

  • Pakelo Lubricants – сектор кој се бави само со производство на лубриканти (мазива).
    • Тука се групирани сите производни програми наменети за патнички, теретни, градежни, земјоделски, индустриски, прехрамбени, … и други потреби;
  • Pakelo Racing – сектор кој се занимава за производство на мазива за спортски шампионати во автомобилизам;
  • Pakelo Foodgrade – сектор кој се бави со производство на мазива за потребите на прехрамбената индустрија;
  • Pakelo Global – сектор кој служи како техничка подршка, истражување и едукација; и
  • PakeloLab – лабораторија за испитување и контрола на производите.

Од мноштвото производи наменети за професионални употреби би можеле да ги одвоиме мазивата наменети за прехрамбената индустрија, мазивата за натпреварувачките автомобили како и цел еден спектар на масла и мазива за употреба во градежните и земјоделските машини.

Интересно е дека за прехрамбената индустрија се користат масла кои не содржат токсични компоненти и мора да ги исполнуваат строгите здравствени критериуми, но и високите стандарди за постојаност на производите. Од друга страна во натпреварувачките болиди, поради екстремните термички и механички оптеретувања, се користат масла со многу високи перформанси. Како трета многу важна категорија на професионални корисници се јавуваат градежните и земјоделските компании на кои на располагање им стои богат асортиман од масла и мазива со кои можат да ги задоволат специфичните потреби на целиот машински парк.

На секое пакување на Pakelo производите е ставена една забелешка која говори дека секој производ е изработен од најквалитетни синтетички масла, со свежи (virgin) базни масла и без употреба на ароматични екстракти на рециклирани базни масла.  Производот е изработен за професионална употреба! Тоа би требало да биде најдобрата можна референца за квалитетот на секој продукт кој излегува под ознаките на Pakelo.