Partisan One (со видео)

Руски партизани среде Германија

► Засега е само еден, но ќе остане таму 100 години

Верувале или не, на фотографиите што ги гледате се наоѓа вистинско возило – не е фотомонтажа, ниту пак е направено од лего коцки иако токму таа идеја е искористена при неговата конструкција. Дело е на рускиот инженер Др. Јуриј Постников, кој за таа цел ја основа својата компанија Partisan Motors во германскиот град Магдебург. Неговото прво возило го крсти Partisan One и го намени за војската, со цел да им понуди нешто потполно различно од сé досега видено и познато. На прво место се ставени едноставноста, маневарските карактеристики и издржливоста, во која Постников е толку убеден што за ова возило најавува гаранција во траење од 100 години. По целата каросерија можат да се постават оклопни панели, а најинтересно е тоа што во него може да се вградуваат било какви погонски групи, при што моторот може да биде поставен попречно или надолжно, а можно е вградување и на електричен погон. Во прототипот се вградени 2,8 литарски дизел мотор од Fiat и 4×4 погон од францускиот Dangel. Модуларната градба дозволува целата каросерија да се продолжува или скратува, но и да се додаваат дополнителни оски и да има 6 или 8 погонски тркала. Универзалноста му дозволува да има три или пет врати и да биде спартански теренец, Partisan One 9пикап со целосно рамен под во кој собира две еуропалети и способен да носи товар од 3,5 тони, или пак специјализирано возило за било каква намена. Нема никаква модерна технологија или механика во себе – сé е сведено на основната и суштинска намена вклучително и неугледниот и примитивен дизајн како од детски цртеж. За полесен транспорт, Partisan One може и целосно да се расклопи, така што во еден стандарден контејнер од 20 стапки може да се сместат 5 примероци. Колку за илустрација, примерокот што го гледаме е долг 4,72 метри, широк 2,3 и висок 2,02 метри, а има клиренс од 36 сантиметри.

Она што за Partisan One е непознато е колку би изнесувала неговата цена.

Partisan One 12