Peugeot комерцијална гама

Од професионалци за професионалци

Еуроимпекс е првата компанија во Македонија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Во своето 30-годишно искуство, компанијата бележи раст, развој и успешно стопанисување на 11 брендови

Маслата Total и Valvoline, алатите Milwaukee, Bahcko, AEG и Irimo, јапонскиот бренд на пневматици Toyo Tires, Banner акумулаторите, како и програмата на Professional Tuning, а како еден од најпознатите брендови за кој Еуроимпекс е генерален увозник во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија секако тое е автомобилскиот бренд Peugeot.

Французите имаат акумулирано импресивно искуство од над 200 години во постојано усовршување и развој на најсовремена технологија, експертиза, беспрекорен квалитет, едноставно кажано возила со современ стил, за современи клиенти. Тие имаат цврст карактер при што моќноста, ефикасноста и еколошкиот аспект се доминантни атрибути.

Интуитивни при употреба, иновативни во пристапот, ергономични за возачот и комфорни за сите патници, Peugeot возилата пружаат максимална контрола зад управувачот.

Без разлика дали станува збор за занаетчии, трговци, менаџери, вработени во некоја голема компанија или мало претпријатие, како припадници на некоја професија, секако сите тие имаат свои специфични потреби за некое комерцијално возило. Во тој случај, Peugeot може да понуди возило кое истовремено ќе биде ефективно, економично, безбедно и комфорно.

Ако одлуката при изборот падне на некој модел на Peugeot, идниот корисник добива: возила со товарен простор согласно специфичните потреби, високо квалитетна завршна обработка, лесно за маневрирање, доверливо, безбедно и пред сé, економично возилo.

Оддржувањето на моделите од комерцијалниот програм го вршат професионалци распоредени низ широка сервисна мрежа низ целата земја.

Притоа вградените оригинални резервни делови имаат едногодишна гаранција за материјалот и функционирањето во рамките на мрежата на Peugeot.

Како гаранција за понудениот квалитет Peugeot нуди временски период од 4 години или поминување на 100 илјади километри, како и гаранцијата против коризија од 12 години.

Гама составена од пет базични модели

Peugeot нуди гама на комерцијални возила, посветено создадени за дејност и за корисници кои ќе управуваат со нив, правејќи ја дејноста поедноставна и побезбедна.

Гамата на Peugeot нуди многу повеќе од обичен превоз на товар, таа вклучува многубројни модели достапни во различни висини и должини. Опремени со практични решенија како што се нискиот товарниот праг и со товарен простор со можност за максимално искористување на капацитетот, лесни за маневрирање, комфорни и компактни, перфектно се адаптираат на сите професионални активности.

Овие карактеристики се комбинираат со иновативен дизајн кој на работењето му дава динамичен и модерен имиџ. Од богатата понуда, лесно можете да се пронајде возило кое најдобро ќе одговара на сопствените потреби и ќе биде соодветно за секој специфичен бизнис.

Составот на комерцијалната гама на Peugeot го сочинуваат моделите: 208 Affair, Bipper, Partner, Expert и Boxer. Богат избор кој е способен да задоволи широк спектар на различно димензиониран бизнис од сферата на индустријата и трговијата. Или поедноставно кажано, Peugeot е партнер кој е целосно посветен на секој професионален бизнис!

Професионалци во вашата флота

При флотна продажба на возила, на бизнис клиентите им се нуди широка палета на комерцијални возила по специјални цени и услови на купување, одржување и сервисирање на возилата.

Воедно, врз основа на базичните модели се нудат различни опции за преработка или надградба на комерцијалните возила согласно специфичните потреби. Како пример за посветеност кон различните дејности можат да послужат преработките на возила за брза помош, амбулантни возила, полициски возила, блиндирани возила итн.