Plaxton автобуси

Кога минатото, сегашноста и иднината се преплетуваат

Напуштањето на Европската Унија може скапо да ја чини Велика Британија, посебно во автомобилскиот сектор. Но, некои ќе имаат и корист од тоа

Британците летоска гласаа за напуштање на ЕУ. Иако тоа автоматски не значи напуштање и на заедничкиот пазар, условите за игра се менуваат, така што Брегзит може да ја чини британската автомобилска индустрија добар дел од извозот на возила. Се намалува и продажбата бидејќи заради губењето на вредноста на фунтата возилата поскапеа. А тоа пак автоматски значи и дека дома произведените сега се поконкурентни. Плус на сето тоа, евентуалното излегување на Британија од европската царинска унија ќе значи и административни бариери за слободна продажба на увезеното.

Elite-2-Large

Но од сета оваа мрачна приказна некои можат да имаат и корист. Тоа пред сé се производителите на автобуси, кои секаде во светот заради глобализацијата во изминативе децении клекнаа на колена пред големите играчи во оваа индустрија. Во моментов со ограничено локално делување, ним паралелно со затворањето на британскиот пазар било административно било финансиски, ќе им се отвораат нови можности, не само дома туку и за извоз бидејќи, нели, заради послабата фунта британските производи сега се поевтини. Тешко дека еден ден ќе видиме некој британски автобус во служба на нашите транспортери (ѓаволски се скапи), но вреди да се запознаеме со нив.

Plaxton-080Едно од ретките имиња кои успеаја да преживеат до денеска, додуша со мака, е Plaxton. Компанијата основана во далечната 1907 година како столарска работилница набргу си го наоѓа своето место во градежништвото. Стекнатото искуството добро им доаѓа во проширувањето на понудата после првата светска војна. Првите нивни возила (со дрвена каросерија, се разбира) биле на шасии од Ford Model T. Растот на побарувачката за транспортни средства ги насочува кон производство на надградби на автомобилски шасии на Rolls-Royce, Sunbeam, Daimler и Crossley. Како тогаш било вообичаено автомобилските производители главно да прават само шасии, а надградбите ги препуштале на независни компании, во Plaxton имале полни раце работа сé до големата депресија кога побарувачката за луксузни возила драстично опаѓа. Како последица, дел од нивните производители се преориентираат кон автобусите.

Elitei

Уште тогаш Plaxton, чие седиште е во познатото одморалиште Скарбото, својата иднина ја согледува во туристичките автобуси кои се негова специјалност и ден-денес. Моделите како Embassy, Panorama и легендарната Panorama Elite со својот препознатлив стил со заоблен преден дел и големи стаклени површини кои на страниците се протегаат и на кровот, со помош на туристите што ги превезуваат ја шират славата на Plaxton низ цела Британија. Доаѓаат златни времиња за компанијата, која согласно трендовите го напушта топчестиот дизајн и со Supreme и Paramount преминува кон покоцкасти форми. Но колку и да се успешни, со овие модели ќе започнат тешките времиња за Plaxton, кој во 1987 година е презеден од својот најголем дилер Kirkby Bus & Coach. Иако вложува во модернизација на фабриката, како трговец по вокација тој купува и други производители на возила кои ги обединува под името Plaxton. XL-PlazaОттогаш преку бројните аквизиции, здружувања и заеднички компании како дома така и во странство работите почнуваат да се мешаат до непрепознатливост кој е кој и што, за да скоро две децении подоцна Plaxton и како марка и како производител ја доживее својата реинкарнација, а од 2007 година и да стане дел од познатата група Alexander Dennis.

Новите модели оттогаш се раѓаат еден по еден, продолжувајќи ја традицијата на трендсетери. Наследената репутација е надградена со иновативност и стил изразени преку новите генерации наречени Pronto, Cheetah, Leopard, Panther, Elite и Elite i. Како најголема производствена база на Alexander Dennis, Plaxton за матичната компанија ги произведува и моделите Enviro 200 и 400. Се проценува дека денес во употреба се околу 20.000 автобуси од оваа марка.

Elitei-ns-1