Подови на база на цемент и епоксидни смоли

Санација на пукнатини и дилатации

► Што ако на пример како во овој конкретен случај производството на алуминиумски композитни панели бара идеално рамни подови и компактни подлоги, а објектот не е таков?

Пример од реалниот живот – со инвестицијата е предвидено монтирање на прецизна опрема и најмалото отстапување во висината на завршната кота на подот може да влијае на самото производство. Архитектите се обратија на техничката служба на Mapei со барање да им пронајдат најдобро решение за изработка на индустрискиот под. Подната конструкција на халата беше изведена во различни временски периоди, па така дел од халата имаше нова AB плоча, а дел стара. Под AB конструкцијата не беше направена адекватна хидроизолација, така што требаше да се предложи и решение за заптивање на влагата. По обиколката на објектот и деталниот увид во состојбата на постоечката подлога, Mapei предложи како решение да се усвои повеќеслоен противлизгачки епоксиден под Mapefloor system 32, кој се одликува со висока отпорност на хемикалии, непропусност на масло и агресивни материи и отпорност на чести миења и абење од вилушкарите.

Санација на пукнатините и дилатациите

Подлогата беше местимично испукана, па пукнатините беа санирани така што прво беа отворени со шлицовање, а потоа попречно засечени на секои 25-30 cm, при што е вметната арматура со должина од околу 20 cm. Потоа е извршено пополнување со епоксиден лепак EPORIP, чија намена е и монолитно залевање на пукнатини. Одличното припојување од повеќе од 3 N/mm² гарантира враќање на добрите механички карактеристики на подлогата. По завршувањето на залевањето, површината на пукнатините беше посипана со кварцен песок со гранулација 0,5 mm.

drvo3-0-4

Дилатациите се, како што знаеме, едно од најчувствителните места во конструкцијата. Предлогот на техничката служба на Mapei беше да се отстранат неповрзаните и ослабени делови, а дилатациите конусно засечат. Детално исчистените и подготвени дилатации требаше да се пополнат со епоксиден малтер, направен од мешавина на епоксидна маса PRIMER SN и кварцен песок со гранулација 1,2 mm. Предлогот беше усвоен и изведувачот со оваа операција ги заврши комплетните работи на санацијата на подлогата.

Заптивање на подлогата со премаз

drvo3-0-5Како што е веќе споменато, не постеше адекватна хидроизолација на подлогата, па Mapei предложи да се направи заптивање против влага со примена на премазот PRIMER MF. Подлогата беше исфрезирана и пребрусена, потоа всисана, после што е нанет PRIMER MF. Тоа е двокомпонентен епоксиден премаз кој е употребен како прв, односно основен слој во системот Mapefloor, како и за затворање на цементната подлога против продирање на капиларна влага. PRIMER MF се одликува со мала вискозност и добро продирање во порите на подлогата. После нанесувањето на овој премаз подлогата е тврда, цврста и отпорна на абразија.

Систем на подот

Со глетерица е нанесена двокомпонентната епоксидна маса MAPEFLOOR I 300 SL како среден слој во системот на подот и на свежиот слој посипан кварцен песок со гранулација 0,5, чии неповрзани делови после врзувањето се всисани. Како завршен слој исто така е нанесена епоксидната маса MAPEFLOOR I 300 SL, помешана со кварцен песок со гранулација 0,25. Бидејќи епоксидната маса е непигментирана, посакуваната боја се постигнува со додавање на тонер MAPECOLOR PASTE, кој се испорачува според RAL палетата, а се дозира во количини од 8% на количината смола. После нанесувањето на третиот слој добиен е повеќеслоен систем со противлизгачки ефект и одлични механички особини. Покрај одличната отпорност на абразија по Taber од 55 mg, системот има и прилепување веќе од 1,5 N/mm². Вградувањето на подот е едноставно, а добиената завршна површина доста лесна за одржување.

drvo3-0-3

Нови дилатации

После завршувањето на вградувањето на подот и оцврстувањето, беа просечени нови дилатации со дебелина од 5 mm. На дното на дилатациите е поставена полиетиленска лента MAPEFOAM Ø6 за да се обезбеди контакт со масата за заполнување само со двете бочни страни. Заради подобро прилепување и регулирање на впивањето на бетонските подлоги, на бочните страни е нанесен основен премаз PRIMER AS. Дилатациите се заполнети со производот MAPEFLEX PU45, eднокомпонентна, брзоврзувачка, полиуретанска маса за заптивање со висок модул на еластичност.

Обработка на столбовите

Инвеститорот бараше столбовите во халата да бидат обоени во тон идентичен на бојата на подот, исто така со употреба на материјал на база на епоксид. За оваа позиција е употребена епоксидната боја MAPECOAT I24, која покрај одличната отпорност на киселини, бази, соли и масла, овозможува и лесно нанесување и одржување.

Проверени и издржливи решенија

drvo3-0-1Mapei уште еднаш покажа дека е доверлив партнер чии технички решенија и соодветни производи овозможуваат квалитетна реализација на завршните работи во градежништвото, било да се работи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на веќе постоечки. Така и во оваа прилика е реализиран подниот систем на база на епоксидна смола – Mapefloor system 32, со  почитување на сите барања на инвеститорот подот на производствената хала да мора да биде идеално рамен, со оглед на предвидената опрема за производство на панели која ќе биде монтирана во самиот простор. Работите беа успешно завршени на задоволство на сите страни.