MUVO: Целогодишен работник за одржување на урбани средини
Со над 30 годишно искуство RASCO е еден од водечките европски производители на опрема за летно и зимско одржување на коловозите. Покрај опремата за одржување во продажниот програм на RASCO се наоѓаат и повеќе наменските возила MUVO и Holder
MUVO е идеално возило за целогодишно комунално одржување на градските простори, поготово на оние каде што големите возила на комуналните служби не можат да пристапат. Бидејќи за MUVO се достапни преку 20 разни приклучоци, тој преку целата година се става во функција на градските комунални служби. Без разлика дали преку зимата ви треба чистење на снег, посипување на цврст материјал, или можеби собирање на отпад, промена на светлечките тела, или пак садење и полевање на градските зеленила – сето тоа, и многу повеќе, го може MUVO. Малите димензии, управувањето на сите четири тркала и силниот и издржлив мотор на MUVO му овозможуваат врвни маневарски способности и мал радиус на вртење.
За летно одржување на улиците MUVO возилото може да биде опремено со вакумска пумпа за чистење SX2, која опремена со различни приклучоци во предниот дел, може да се прилагоди на сите потреби за чистење на површините во урбаните средини. За косење на тревата и одржување на зеленилото достапна е кранската косилка KKM кој има зафат од 4 метри, на која која може да бидат вградени разни типови на алат со што се зголемува употребливоста на машината. Доколку MUVO се употребува за собирање на отпад во градските средини за него е достапна платформа за подигнување на контејнери M3 како и контејнер за собирање отпад KK 3.0 со волумен од 3.000 литри. Малото универзално возило може да се користи и за промена на градските светилки, но и за кастрење на ниските стебла, за што се користи подигнувачката платформа SOCAGE. Доколку MUVO се користи за превоз на терет тогаш може да се употреби сандучестиот тристран кипер, TKS. Доколку пак е потребен превоз на технолошка вода тогаш на MUVO може да се вгради резервоар за вода од 2.000 литри.
За борба со зимата MUVO може да биде опремен со комбинација на снежен плуг BILO M или со варијабилен снежен плуг VERTUS M. За суво по сипување достапни се SOLID во изведби со транспортен полжав или гумена лента за дистрибуција на материјалот, додека посипувачот LIQUID SM е наменет за посипување на сообраќајниците со течност. Ротацискиот посипувач MRP посебно е дизајниран за вградување во малото вишенаменско возило MUVO, и тоа на местото на задниот дел на тристраниот кипер TKS. Четките MKM и MKH се наменети за целогодишно чистење на улиците: зимоска од насобраниот снег, а во остатокот на годината од каменчиња, лисја, земја и друга наталожена нечистотија.
Покрај MUVO кој е универзално мало возило проектирано и произведено во Хрватска, RASCO е и ексклузивен дистрибутер на мултифункционалните возила од марката Holder за пазарите на Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија. Max Holder GmbH е германска комапнија со преку 125 годишно искуство во производство на комунални и земјоделски машини. Со осигурен сервис и резервни делови, потоа со широк програм на надградби, RASCO на корисниците им дава целосна услуга на конфигурацијата, опремата и одржувањето на MUVO и Holder возилата.
MUVO и вакумска чистилка SX2: совршена комбинација за чистење на градовите
Ефикасното чистење на урбаните простори во 21. век е незамсиливо без употреба на одговарачка механизација. Растечките очекувања на јавноста како и стандардите кои мора да ги задоволат единиците на локалната самопурава, ги терааат комуналните претпријатија да работат поефикасно, потемелно и повеќе. Токму затоа е создаден MUVO – мало комбинирано возило дизајнирано за чистење и одржување на урбаните средини. Вакумската чисталка SX2, наменета за вградување во возилото MUVO е повеќенаменска над градба која со различни предни приклучоци може да се прилагоди на сите потреби за чистење и перење во урбани средини. Опремен со SX2 вакумска чисталка MUVO станува конкуренција на компактните чисталки.
SX2 стандардно се испорачува со преден состав за чистење со две независно придвижувани четки со максимална широчина на чистење до 2.4 метри. Заради поголема ефикасност на чистењето целиот состав може да се надогради со трета четка која ја зголемува широчината на чистење до 2.6 метри и овозможува чистење на површини кои не се на иста рамнина со тркалата на чисталката (скалила, стојалишта на јавен првоз). Пред предните четки SX2 има бризгалки за прскање вода. Со самото прскање на вода, која доаѓа од резервоар сместен во задниот дел на чисталката, се олеснува собирањето на ѓубрето без подигнување на прашина. Водата всисана во сандукот на чисталката се рециклира и повторно се користи за подмачкување на всисната цевка. За чистење на отпадни канти, канализациски отвори и површини кои MUVO не може да ги дофати со предните четки, чисталката е опремена со рачно всисно црево. Конструкцијата на резервоарот на чисталката со широк отвор на задните врати овозможува истоварање на високите комунални контејнери. Квалитетот на чистење на SX2 чисталките е потврден со серификатот EUnited PM10.