Повеќе од еден век
Renault од 2011 година ја зголеми продажбата на лесни комерцијални возила за дури 40%, пласирајќи во 2016-та рекордни 434.000 примероци
Renault повеќе од еден век се бави со развој, производство и продажба на лесни комерцијални возила за да ги задоволи потребите на деловните корисници ширум светот. На почетокот на 20-тиот век Renault како еден од ретките производители се наметна на пазарот на преработени возила кои служеа за различни цели – од мали доставни комбиња до противпожарни возила, а во периодот меѓу двете светски војни се прослави и на непроодните африкански пустини со специјални возила.
После втората светска војна започна вистинска експанзија на фургоните со носивост од околу еден тон, кои го помогнаа економското опоравување на со војната разрушената Европа, во што Renault одигра клучна улога. Малите бизниси доживуваа ренесанса и им требаше вистински партнер, а токму Renault меѓу првите понуди палета различни надградби на постоечката гама возила. Кај превозот на лица, Renault во 1909 година го направи пионерскиот чекор понудувајќи патнички минибус возила за превоз на патници, работници и ученици, а подоцна оваа програма е проширена и на специјализираните возила за полицијата.
Напредокот на Renault во овој сегмент низ периодот подолг од сто години досегна ѕвездени успеси со оглед дека понудата на возила како Trafic и Master го надмина дури и ВИП статусот кога во прашање се модуларноста, комфорот и опремата, како за приватни, така и за деловни корисници. На широката палета лесни комерцијални возила Renault во 1950 година го придружи пикап моделот Colorale и воедно го најави развојот на теренски возила.
Шлагот на историјата на производство на лесни комерцијални возила Renault го стави со основањето на профи одделението Renault Pro+, каде само небото е граница кога се во прашање преработките и надградбите за професионалните корисници. И не само тоа – Renault својата програма ја прошири и со електрични возила, каде е апсолутен лидер на европскиот пазар со моделите Twizzy Cargo, Zoe Societe, Kangoo Z.E. и Master Z.E. Денес Renault групата произведува лесни комерцијални возила на три континенти, поседува инженерски центар во Франција и има развиена мрежа од 650 Renault Pro+ центри во 41 земја во светот.