Специјалисти од нашето соседство
► Во јужниот дел на нашиот северен сосед, во околината на Ниш, уште од 1992 година функционира RESOR, компанија која се бави со конструкција и производство на камионски надградби првенствено наменети за потребите на комуналните служби
Комуналните претпријатие секогаш имаат свои специфични потреби. Секако, не без добри причини. Секој застој во обавувањето на општествеите активности оди на нивна сметка додека функционирањето на урбаните системи се смета за цивилизациско постигнување кое треба постојано да се надоградува.
Тоа подразбира функционирање на цела низа дејности, од собирање на сметот, преку превоз на вода за пиење и комунална вода па се до транспорт на отпадни води и горива.
Токму за задоволување на тие потреби „RESOR” ангажира одбрана екипа на конструктори и работници чии производи најпрвин беа усмерени за задоволување на домашниот српски пазар, но набргу потоа станаа составен дел на возниот парк на комуналните претпријатија и на останатите држави од регионот.
Во зависност од специфичните потреби, надградбите на „RESOR” можат да бидат монтирани врз шасии од различни марки, вклучително и “Iveco“, “Mercedes“, “Mitsubishi“, “Volvo“, “DAF“, “FAP“, или по посебна желба на купувачот.
Во производното портфолио на српската фирма се наоѓаат следниве надградби: цистерни за питка вода, надградби за траснпорт на смет со разни плочи, цистерни за гориво, цистерни со пумпи за вода, противпожарни возила, цистерни за превоз на фекалии, надградби за превоз на контејнери, посипувачи на сол и песок, контејнери, … На тој список се наоѓаат и други производи кои се изработуваат спрема специфичните побарување на корисниците.
Надградба за превоз на смет со потисна плоча тип “F”
Од неколкуте типови на надградби за превоз на смет за приликава се одлучивме малку подетално да се задржиме на моделот со потисна плоча од типот “F”. Разгледувајќи ги техничките детали може да се забележи дека податоците се даваат во одредени гранични вредности а тоа поради фактот што секој тип може да биде враден во различни камионски платформи.
Кај тип “F” волуменот на сандакот може да изнесува помеѓу 14 и 22 m3 додека волуменот на прифатното корито може да се движи во границите помеѓу 1.9 и 2.7 m3. Притоа масата на надградбата се движи помеѓу 5.000 и 8.000 kg. Неоптеретено, возилото пожелно е да тежи од 11.5 t до 16 t додека истото може да се оптерети со товар од 5 до 11 tona.
За да одговори на овие барања потребно е возилото да биде опремено со мотор кој располага со најмалку 204 КС (150 kW).
Тип “F” претставува само еден пример на надградба за превоз на смет кој може да послужи како добар приказ на нивото и капацитетите на надградбите кои се произведуваат во „RESOR”. Разноврзсноста на потребите на комуналните служби, стручните лица на фирмата ќе знаат да ги задоволат со понуда која одговара токму на нивните специфични потреби и тоа со квалитет кој е на највисоко ниво, и што е многу поважно се цени кои одговараат на куповната можност на нашите претпријатија.