Rubble Master

Системи за потреби на современиот свет

Швајцарскиот производител на дробилки настапува на пазарот со неколку принципи на работа: технолошка иновативност, почит спрема корисниците и одговорност за понудените решенија

Rubble Master HMH GmbH е формиран во 1991 од страна на Гералд Ханиш со визија за создавање на перфектни, компактни системи за рециклирање, уште во раниот развој на оваа гранка. Во почетоците формирана како човек-компанија швјацарскиот производител денес брои над 100 посветени работници. Од првичните идеали, денес RUBBLE MASTER прерасна во технолошки моќна компанија која во својот производен програм нуди серии на дробилки, сита и транспортери. Всушност успешната приказна на RB се базира во понуда на комплетни системи како решенија кои се дизајнираат спрема специфичните потреби на корисниците. Во областа на рециклирањето RB нуди широка палета од посебно дизајнирани системи со архитектура која е одговор на растечките очекување во областа, а позната ширум чирум светот според специфичното именување, RM go! која го прави мобилното рециклирање поедноставно и поефикасно од било кога досега.

Успешниот раст на производителот во 2001 година доведе до изградбата на седиште во Линц, Австрија. Подоцна корпоративна култура се рефлектира во проширувањето изградено во 2009 година, кога со градбата во Линц-Пихлинг управ ниот центар и самото производството физички се приближуваат еден до друг. Во фокусот на RM филозофијата на работа се наоѓаат иновативноста, сервисните услуги, освојувањето на пазарите од сите континенти како и понатамошно проширување на принципте на делување.

Производствена програма

Швајцарците за неполни три децении постоење постигнуваат успеси за кои е потребно најмалку двојно повеќе време. Производниот програм на Rubble Master моментално се состои до три големи групи на производи: дробилки, сита и транспортери. Велиме три групи, но секако во RM секој обработувач на рециклиран материјал, или било кој друг вид корисник кому во процесот на работа му е потребно дробење, пренос или сепарирање на материјал, ќе пронајде солуција која е оптимална за неговите потреби. Всушност иако оваа поделба на големи серии на производи делува одвоено, сепак RM може да ги комбинира и да понуди целосно решение за било каква специфична потреба.

Во понудата на дробилки, како најзначаен сегмент во третирање на материјалите, Rubble Master нуди серија која започнува со најмалиот RM 60 кој оперативно тежи 12.000 kg и кој може да обработи материјал до 80 тона на час. Отворот на хранилката кај него изнесува 640 x 550 mm додека максималната должина на обработениот материјал е 500 mm. Низата од останатите три дробилки се означени со RM 70GO!, RM 90GO! и RM 100GO! Тие може да обработат материјал до 120, 200 односно 250 t/h. Разлика секако постои и во оперативните тежини која се движи помеѓу 19.500, преку 23.600 до 29.000 kg.

Во групата на сита според функцијата што ја извршуваат, постојат сита кои се поставени пред процесот на дробење (модели: RM HS, RM VS60), сита чии решетки се поставени зад процесот на дробење (модели: RM MSC и RM CS), потоа мрежесто сито (модел: RM MS Mesh Screen) кој може да се монтира само на двете најголеми дробилки RM 90GO! и RM 100GO!, како и сепаратор за големи парчиња, RM OS Oversize Separator кој оди во комбинација со целата RM GO! – серија.

Во сериска понуда на Rubble Master се наоѓа транспортерот со ознака, RM MTS2010M. Во описот на неговите основни технички карактеристики стои дека може да пренесе 600 t/h, а како погон користи сопствен мотор со силина од 49 КС. Во неговиот конус може да збере до 730 m3 материјал, широчината на лентата е еден метар, максималната должина оди до 19.85 метри, со тоа што височината на истовар е ограничена на 7.8 метри. Уште еднаш ќе повториме дека опишаните машини се само основа врз која потоа може да се изградат специфични комбинации, и сето тоа според потребите на корисниците, кои сега веќе ги има на сите континенти.