Scania серија R

Scania, од големите

► Кога ќе се каже камион, се мисли на Scania. Кога ќе се каже Scania, се мисли на голем камион


Scania на овие простори е синоним за камион. Голем, секако, оти други и нема – за разлика од останатите производители на комерцијални возила кои во својата програма имаат големи, средни и мали камиони, комби возила па и патнички автомобили, Scania прави само камиони со бруто тежина над 16 тони. И со така ограничена понуда успешно им конкурира и ги надминува – жив доказ се нашите камионџии и нивното неподелено мислење за камионите на шведската марка.

08001-001

А зошто е тоа така? Транспортот е работа која се заснова на довербата. Од транспортерите се очекува секогаш да доаѓаат на време, без разлика на маките што ги имаат на пат. За тоа пред сé треба доверлив и издржлив камион. Но, работната ефикасност не доаѓа сама од себе. Таа е резултат на долгогодишна макотрпна работа, како на транспортерот, така и на оној што ги прави камионите. Традицијата долга 125 години на групацијата Scania кажува дека Швеѓаните точно знаат што на транспортерите им треба за успешна работа. И тоа за секој посебно – модуларните конфигурации и мноштвото опции нудат безброј можности. Но и без нив стандардните Scania камиони секогаш нудат нешто повеќе, заради што се природен избор за возачите и превозниците насекаде низ светот.

Ако зборуваме за оние наменети за долголиниски транспорт, тие претставуваат комбинација на најдобар квалитет, најнови технологии и единствени опции за прилагодување на камионот за одредени потреби. Со тоа се добиваат извонредно економични за користење возила, точно прилагодени на потребите – силата и перформансите доаѓаат гратис. Камионите на Scania се сон за секој возач – големата удобност на кабината, прецизното управување и стабилноста во возењето се дел од причините. Ги сакаат и сопствениците на транспортните компании бидејќи економичноста им е главна одлика, посебно на долголиниската R серија, која важи за врвен производ во секој поглед.

05566-002Направена е така да ги задоволува најстрогите светски барања по прашање на економичноста и доверливоста. Заради нагласениот надворешен изглед овој камион остава импресивен впечаток на секој што го гледа. На преубавата надворешност што ја красат едноставни линии сосема прилега ексклузивната внатрешност која на возачот му пружа извонредна удобност и за која постои широк асортиман на боја и материјали. Широк е асортиманот и на погонски групи. Без оглед на тоа да ли се задвижува со импресивната сила на Scania V8 моторот или на докажаниот шестцилиндричен агрегат, секогаш се постигнуваат одлични перформанси и возни карактеристики. Тоа секој возач го чувствува веднаш штом ќе го сврти клучот. Моменталната понуда на мотори во Scania вклучува вкупно 15 различни Euro 6 агрегати. Заедничка за сите е извонредната севкупна економичност. Освен со легендарниот V8 со 730 KS, R серијата доаѓа уште со две изведби на овој 16-литарскиот мотор – со 520 и 580 коњски сили. Шестцилиндричниот 13-литарски агрегат, пак, е на располагање со 370, 410, 450 и 490 коњи. Менувачите прилагодени за секој вид транспорт можат да бидат 8 или 12-степени, бројот на оски меѓу 2 и 5, а изведбата на шасијата соло или влекач. Соло камионите достапни се во конфигурации 4×2, 4×4, 6×2, 6×2/2, 6×2/4, 6×4, 6×6, 8×2, 8×2*6, 8×2/4, 8×4, 8×4*4 и 10×4*6, со нормална, ниска, екстра ниска, полувисока и висока шасија. Истите височини на шасијата се среќаваат и кај влекачите, кои се достапни во конфигурации 4×2, 4×4, 6×2, 6×2/2, 6×2/4 и 6×4.

071138-011

За механиката може да зборуваме уште многу, ама нема оти сепак Scania е во прашање. Затоа сега ќе зборуваме за возачот, за чија ефикасност од најголемо значење се одговарачките кабини. За R серијата нив ги има 5 – една дневна и четири со кревети за спиење, со различни височини. Сите типови на Scania кабини и однадвор и одвнатре се конструирани така да секој возач има ефикасно и опуштено работно опкружување. Притоа е внимавано на безбедноста, видливоста и удобноста, кои се трите главни приоритети. Сите модели внимателно се конструирани со уважување на резултатите на деталните тестови за безбедност и аеродинамична оптимизација, како и на коментарите на возачите. А тие не ги штедат зборовите кога системите за нивна поддршка се во прашање. Посебно потполно автоматизираниот Opticruise, кој лесно се конфигурира и прецизира за да во потполност ги задоволи потребите. Добар дел од нив се стандардни, а за дополнителната опрема со која се прилагодува возилото на секоја потреба поединечно тешко е да се најдат зборови. Сепак, како што рековме, Scania е во прашање.

07684-001