Schmitz Cargobull – 125 години постоење

Јубилеј кој отсликува традиција и посветеност

Пред точно 125 години, во септември 1892 година, ковачот Хеинрих Шмиц (Heinrich Schmitz) во Алтенберге близу Минстер, ја формирал компанијата која денес е европски лидер во производството на полуприколки, камионски шасии и термоизолирани приколки, општиот транспорт како и транспортот на рефусна стока

Кога говориме за Schmitz Cargobull, говориме за најголемиот европски производител за приколки од сите видови и за сите намени. Денес германскиот производител во шесте погони во Германија и по еден во Шпанија, Литванија, Русија, Кина и Турција ангажира околу 5.700 работници кои годишно преку производство на 57 илјади единици, остваруваат доход од околу 2 милијарди евра.

Во производното портфолио на Schmitz Cargobull како носители на поголемите групи производи се издвојуваат:

  • Ferroplast – Thermo technologies – Термоизолирачка технологија
  • Double – deck system – систем за двокатно товарење
  • Rotos Drive technology – Шмиц Каргобул оски со 1.000.000 км гаранција
  • Modulos chassis technology – модуларна изведба на шасија
  • Trailer connect – Телематика
  • CS Speed curtain – Брзоракувачка церада
  • Refrigeration unit – Разладен уред
  • CS Genios – Genios полуприколка со церада
  • KI Tipper trailer – полуприколка – кипер
  • KO Cool complete – Полуприколка – ладилник
  • CS Curtain sider with power curtain
  • KO Van bodies – Изолација на комбиња
  • Validation center – Центар за валидација на квалитетот

Самата номенклатура најдобро ги објаснува карактеристиките на групите производи, па затоа и не е потребно посебно објаснување зошто токму производителот со седиште во Хорстмар, Минстерланд (Германија), е најголемиот производител во Европа. И најразновиден, секако.

Широкиот опсег на активности кои опфаќаат од истражување и развој па сé` до производство и специјални услуги како што се консалтинг, телематика на приколки, финансирање, резерви делови и FULL SERVICE, претставуваат здрава основа за натамошниот раст и прогрес на компанијата.

Како започна?

Освртот на настанувањето на Schmitz ќе нé` врати на самите почетоци на индустријализацијата на Германија. За место на раѓање на компанијата се смета Алтенберге близу до Мiнстер. Имено, локалниот ковач по име Хајнрих Шмиц (Heinrich Schmitz) во 1892, пред точно 125 години ја основал компанија која се бавела со занаетчиско производство на железни делови.

Сé до почетокот на дваесетите години од минатиот век кога започнува масовната моторизација, покрај производство на железарија и трговија со земјоделски машини, Schmitz започнува и со производство на надградби за камиони. За да ја отсли ка таа состојба во 1932 г. компанијата, во која веќе биле ангажирани 75 работници, го менува името во Heinrich Schmitz, Maschinen – und Fahrzeugbau.

Во педесетите и шеесетите години на минатиот век компанијата ја водат двата сина на основачот, Јосеф и Аугуст Шмиц (Josef и August Schmitz) кои го преземаат управувањето во 1943 г. а во 1948 г. го менуваат името во Schmitz – Anhänger Fahrzeugbaugesellschaft. Растот во тие децении е интензивен, и пред сe` сe должи на проширување на гамата на производи кои се базираат на сопствен развој. За илустрација нека послужи податокот кој говори дека во 1961 г. околу 300 работници произведувајќи 300 продукти остварувале годишен промет од 10 милиони германски марки. Зголемената побарувачка се задоволува со отварање уште два нови погони во Берлин (1967 г.) и Вреден (1969 г.).

Третата генерација, др. Хајнц Шмиц (Dr Heinz Schmitz) и Петер Шмиц (Peter Schmitz), ја преземаат компанијата во раните седумдесети, а нив во 1974 г. им се придружува Бернд Хофман (Bernd Hoffman). Во периодот кој следи се постигнува неверојатен раст, пред сé благодарејќи на бизнисот со земјите произведувачи на нафта.

Schmitz – Anhänger во 1977 веќе брои над 500 вработени, потоа над 1.000 во 1986 и преку 2.000 во 1992 г. Растот на комапнијата директно се одразува и на годишниот промет кој помеѓу 1970 и 1990 на годишно ниво изнесува по 250 милиони германски марки.

Почетокот на деведесетите значи и драматична промена на пазарот. Прометот со производителите на нафта опаѓа, двете Германии се спојуваат, а во рамки на Европа (1993 г.) се формира единствен пазар. На новонастанатата ситуација Schmitz – Anhänger одговара со радикална промена во организацијата која почнува да се раково- ди под мотото “раст преку жртвување“. Тоа помеѓу останатото значи дека компанијата се посветува на производство само на приколки со платформи и церада, потоа на шасии за кипери и контејнери. Тој пристап бргу почнува да дава резултати, па така времето на производство на една приколка се намалува од пет недели на пет дена. Концептот функционира, во 1992/93 се произведуваат 5.100 возила а во 1998/99 бројката се искачува на 17.000 единици.

Во 1998 компанијата сопственички се дели на три еднакви делови помеѓу семејствата Петер Шмиц, др. Хајнц Шмиц и Бернд Хофман. Сопственичката структура е проследена и со промена на името во Schmitz Cargobull AG, форма која и до денес ја познаваме.

Во поновиот период на чело на комапнијата се менуваат Петер Шмиц (1999 до 2003), кој го отстапува местото на Бернд Хофман за да во 2016 на чело повторна застане член на основачкото семејство, Андреас Шмиц. Тој заедно со уште четири членови на управниот одбор ја изготвуваат развојната стратегија до 2015 која на прво место ги поставува дигитализацијата и глобализацијата на пазарот. Гледајќи 125 години наназад, никој не би се осмелил да се посомнева во успешниот исход на таа визија.