Се гради пат кој ќе ги полни електромобилите во возење

Кој тогаш не би сакал да вози електричен автомобил?

Патот со вградени безжични полначи во блиска иднина би можел да ги полни нашите возила во движење кои во тој случај никогаш не би останале без струја

На развој на ова генијално решение работат Renault и компанијата Qualcomm. Моментално во Франција се изградени само 100 метри од експерименталниот пат на кој веќе се демонстрираат неговите можности. Полначите вградени во него ги полнат батериите на просечен автомобил со сила од 20 kW, и тоа при автoпатски брзини. Теоретски, кога би имале доволна количина патишта со вградени вакви индукциски полначи, електричните автомобили би имале практично неограничена автономија. Тоа значи дека во возилата би можеле да се вградуваат значително помали батерии, со што и нивната цена и тежина би биле помали. Цената пак за изградба на ваквите патишта засега не се споменува, но сигурно е астрономска.