Secmair Cepia

Револуција во поставувањето на асфалт и распрскување на агрегат

Новиот концепт на фирмата SECMAIR од Франција, е моделот CEPIA кој го револуционизира рачното поставување на асфалтни мешавини. Ја подобрува работната продуктивност, ги овозможува предностите на рачното поставување и значително го намалува заморот на работниците од оваа т.н. “неблагодарна” работа

CEPIA машината може да се користи како за поставување на топли асфалтни мешавини, така и за за поставување на ситен агрегат.

Дизајниран и развиен користејќи ги принципите на “5Е” филозoфијата на FAYAT: Eсенцијално, Eкономично, Eколошко, Ергономско и Еволутивно.

Оваа машина се одликува со:

  • Униформно и константно поставување на материјалот
  • Полесно поставување на топли мешавини (како асфалт)
  • Загреаната плоча гарантира одлична рамност
  • Лесно управување
  • Интегриран распрскувач на агрегат
  • Можност за подесување на дебелината на слојот и отворот
  • Брзина во работата
  • Продуктивност

Управувањето е преку ергономска рачка (висински подесива) за движење на машината (напред/назад), а за отварање и затварање на бункерите вградени се 4 посебни хидраулични вентили. Хидраулични дистрибутери за позиционирање на плочата на точната висина (лево и десно).

Технички податоци:

Шасија

  • Празна тежина: 235 Kg
  • Вкупна натоварена тежина: 500 Kg

Хидростатски погон

  • Должина при работна позиција: 2.000 mm
  • Должина при транспорт: 1.670 mm

Мотор

  • HONDA безоловен мотор
  • Mодел: GXV160 – 3.2 kW
  • Капацитет на мот. масло: 0.65 лит.
  • Капацитет на гориво: 5 лит.
  • Тип на гориво: безоловен 95

Плоча поставување асфалтни мешавини

Загреана плоча (табла), која се грее преку рециклирање на издувните гасови.

Плочата е позиционирана на точната висина користејќи 2 посебни хидраулични приклучоци (лево и десно) со индикатор за дебелината (висина) на поставување

  • Висина на поставување: 0 до 100 mm
  • Макс. ширина на поставување: 1.000 mm
  • Мин. ширина на поставување: 250 mm

Aлуминиумски бункер (корпа) со 4 посебни хидраулични отвори

  • Капацитет на бункерот: 150 лит.
  • Висина на бункерот: 700 mm

Распрскувач на агрегат

  • Преклоплива вратичка која лесно се вади
  • Макс. ширина на поставување: 1.000 mm
  • Мин. ширина на поставување: 250 mm
  • 4 хидраулични отвори
  • Висината на отварање се подесува рачно за дозирање на агрегатот на 2 висини.