SEEBBE 2020 – Белград

46-ти меѓународен саем на градежништвото

► Најголемиот саем од областа на градежништвото во регионот на југоисточна Европа, SEEBBE, ќе се одржи од 22 до 25 април на белградското сајмиште

Оваа традиционална манифестација ќе биде најдобар показател на достигнувањата на сите свои учесници, на актуелните трендови но и на состојбите во градежната индустрија во регионот. Целиот расположлив изложувачки простор комплетно е резервиран, а ќе бидат претставени сите сегменти од оваа дејност – од истражувањата и проектирањето, преку изградбата и одржувањето на објекти во високоградбата, нискоградбата и хидроградбата, до претставување на најсовремените материјали, градежни машини, уреди и алати.

Како еден од најзначајните деловни саеми во Србија и регионот, овој настан за сите учесници и посетители е идеална прилика и амбиент за премиерни претставувања на иновациите и техничко-технолошките решенија. Новите технологии ќе бидат присутни во секој сегмент на манифестацијата, токму заради константната потреба за иновативност и напредок во градежната индустрија. Ова посебно важи за IT, дигиталните и комуникациските технологии, како и за сите видови специјализиран и апликативен софтвер кој одамна во градежништвото не е новост и ексклузивитет туку веќе воспоставен стандард. Посебно значаен сегмент се двете работни групи Недвижнини и инвестиции и Архитектура и урбанизам, во чиј склоп ќе бидат претставени разни инвестициски проекти кои се шанса за сите градежници од регионот.

Како и секогаш, SEEBBE 2020 ќе биде место за испитување на пазарот, воспоставување на соработка и започнување на нови проекти, а секако и начин да се биде во центарот на случувањата и на ниво на критериумите кои ги бараат светските стандарди. На сите изложувачи и деловни посетители на 46-тиот саем на градежништвото на располагање им е и B2B деловен портал, кој успешно е имплементиран последниве години на најголемите манифестации на белградскиот саем. Услугата за организација на состаноци е бесплатна за деловните посетители за две влегувања на манифестацијата, како и за изложувачите, а регистрацијата на порталот на деловните посетители им овозможува бесплатен влез на саемот на градежништвото.