SEEBBE 2020

Откажан меѓународниот саем на градежништвото

► Соништата останаа само соништа

46-тиот меѓународен саем на градежништвото SEEBBE кој под слоганот „Градење на сонот“, или од српски „Соништата во основата“, дефинитивно е откажан. Оваа голема манифестација која секоја година во Белград собира стотици изложувачи и десетици илјади посетители првобитно требаше да се одржи од 22 до 25 април, но заради пандемијата беше одложен за 24 до 27 јуни. Сепак ситуацијата не се поправи доволно и соништата останаа само соништа – до наредната година. Организаторите едноставно не можеа адекватно да испланираат волку сложен и обемен саем во услови на неизвесност на траењето на воведените ограничувања, посебно кога во просториите на белградскиот саем се наоѓа импровизираната „ковид-болница“.

Наредното издание на SEEBBE е закажано за периодот од 21 до 24 април 2021 година.