Силна и ефикасна дробилка со сито

Giporec R90 FDR Giga

Швајцарската компанија Gipo на овие простори испорача уште една нова мобилна дробилка со сито Giporec R 90 FDR Giga, овој пат на градежната фирма Teleg-M од Љубљана

И покрај тешките времиња за низ словенечки градежни компании кои сé уште чекаат на вистинското опоравување на градежниот сектор, оние со јасна деловна визија токму сега се одлучуваат на инвестиции во квалитетни и ефикасни повеќенаменски машини и постројки кои можат да им помогнат за унапредување на работната ефикасност и конкурентноста на пазарот. Во тој контекст е реализирана и соработката на словенечката фирма Teleg-M од Љубљана со реномираниот швајцарски производител на опрема за дробење, сеење и рециклирање на минералните суровини, компанијата Gipo од Зеедорф.

Giporec R90 FDR Giga подготвенa за превоз
Giporec R90 FDR Giga подготвенa за превоз

Фирмата Teleg-M е основана во 1998 година и оттогаш успешно делува на подрачјето на градежништвото и телекомуникациите. Покрива широк спектар услуги, меѓу кои доминантни се градежните и монтажните работи, како што се подготовката на терен за изградба на електродистрибутивни и телекомуникациски мрежи, изградба и обнова на канализација, водовод или гасовод, подигнување столбови за предаватели на мобилните оператори, изградба и обнова на патишта и слично. За уште повеќе да ги подигнат квалитетот и брзината на работата, на задоволство на своите клиенти, тие го збогатија машинскиот парк со нова мобилна дробилка со сито Giporec R 90 FDR Giga. Новата постројка се одликува со напредна конструкција и висок квалитет на изработка, современи технолошки решенија, висока енергетска ефикасност, минимално влијание врз околината, долг работен век, висока доверливост во работата, едноставност за употреба и ниски трошоци за одржување. За набавка на оваа постројка се одлучија во прв ред за да ја оптимизираат ефикасноста и унапредат конкурентноста на пазарот. Постројката ќе се користи за рециклирање на градежен отпад за сопствени потреби, како и за надворешни клиенти.

2014.01._Kom

Висока мобилност и продуктивност

Giporec R90 FDR Giga е мобилна дробилка со маса од 32 тона со сито односно 26 тона без него и капацитет на преработка до 200 тона материјал на час. Оваа постројка отвора широк спектар можни примени, а се одликува со висока продуктивност и квалитет на излезниот производ. Покрај тоа, релативно малата маса и компактните габарити ги олеснуваат транспортот и преместувањето од градилиште на градилиште. За донесување на одлуката за нејзина набавка секако придонесоа и бројните референци и препораки на задоволните корисници.

Од Teleg-M инвестицијата во набавка на мобилна дробилка ја објаснуваат со потребата за рециклирање на градежен отпад како за сопствени потреби, така и за сé поголемата побарувачка за овие услуги на пазарот. За Gipo се одлучија бидејќи им понуди највеќе со оглед на нивните барања и специфични потреби

Мобилната дробилка Giporec R90 FDR Giga е опремена со двоетажно предсито за јаловина, магнет, далечинско управување, интегриран поврат на надзрната, компресор, филтер за честички, мерни ваги и систем за влажно отпрашување. Благодарејќи на наведената опрема, мобилната дробилка Giporec R90 FDR Giga е во состојба да ги исполни сите барања за дробење на камен, материјал и рециклирање на армиран бетон, асфалт или мешан градежен отпад.

GIPOREC_R_90_FDR_GIGA_1

Надградба на дробилката

Основниот модел Giporec R 90 може да се надгради со едноетажно или двоетажно сито за просејување. На ваква ударна дробилка со просејување може да се добијат повеќе финални производи со квалифицирана големина на зрното. Основниот модел може по избор да се превезува со сито или без него. Тоа секако придонесува за заштеда во трошоците за транспорт, намалување на потрошувачката на гориво и загадувањето на околината. Транспортната лента за надзрната цврсто е монтирана на постројката и не мора да се расклопува при превозот. Единицата за просејување осигурува едноставна монтажа и демонтажа, која се спроведува за помалку од 10 минути.

Мобилна дробилка со маса од 32 тона со сито односно 26 тона без него и капацитет за преработка до 200 t/h
Мобилна дробилка со маса од 32 тона со сито односно 26 тона без него и капацитет за преработка до 200 t/h
Клучни карактеристики на Giporec дробилките
  • ниски трошоци по тон дробен материјал
  • најсовремена технологија, висока мобилност и минимално потребно време за пуштање во погон
  • долг век на траење и висока вредност на половната постројка при понатамошна продажба
  • целосно хидрауличен погон со квалитетни компоненти и минимална потрошувачка на енергија, докажан во пракса во екстремни услови од -50 °C во Сибир до +55 °C во Дубаи
  • едноставно намалување на транспортната тежина со отстранување на ситото
  • монтажа и демонтажа на ситото без потреба за дигалка – доволно е само едни лице
  • континуирана промена на брзината на роторот што директно влијание на финалниот производ
  • силен Volvo Penta дизел мотор со најнова технологија
  • робусна ударна дробилка со два ударни механизми
  • висока мобилност – кратко време за подготовка за работа – без потреба за голема работна површина
  • едноставно одржување благодарејќи на пристапноста на клучните компоненти
  • Gipo сервисната служба која е гаранција за издржливост во експлоатацијата и долгорочно партнерство
  • истовремено производство на разновидни финални класирани агрегати од природен камен, бетон и асфалт

products_83_0_large

Технички податоци
кош за сипање 4 m³
горен вибро додавач 800×2.500 mm
предсито за јаловина 800×1.500 mm
сито 1.300×3.000 mm
димензии на влезниот отвор 870×850 mm
дијаметар на роторот 1.100 mm
капацитет на уситнување 200 t/h
погонски мотор Volvo Penta 235 kW
транспортна должина 16.500 mm
транспортна ширина 2.500 mm
транспортна висина 3.120 mm
маса со сито 32.000 kg
маса без сито 26.000 kg