Sino Mud

Драгстор за течности и хемикалии за дупчење терен

Компанијата Sino Mud во својата производствена програма има сé и сешто за оние чија дејност е дупчењето терен

Секоја работа си има своја специфика, но дупчењето терен има многу, предизвикани од променливоста на теренот и условите за дупчење. И тоа не само при промена на локацијата каде се работи, туку и со напредувањето на работата на едно исто место, бидејќи секој подлабок слој има друга структура и друг состав. Тоа не само што ја отежнува работата правејќи ги прогнозите за роковите, квалитетот и трошоците за нејзино завршување тешко предвидливи, туку може и да ја оштети скапата опрема. Затоа освен големото искуство во оваа дејност е потребна и силна индустриска поддршка од компаниите како што е Sino Mud, кои произведуваат разни течности и хемикалии наменети за оваа работа. Тие доаѓаат во мали пакувања, но нивната помош е голема, понекогаш и непроценлива.

Што ќе се користи зависи од многу фактори – дали се работи за рударството, истражување и експлоатација на водени ресурси, нафта или гас, хоризонтално дупчење за поставување цевководи, дупчење за контрола на теренот за подготовка на проектна документација за разни градежни објекти или пак нешто друго. Она што е заедничко на сите е дека за да не дојде до застој во работата, во секој момент мора да се имаат на располагање сите материјали, кои како што споменавме, практично е невозможно да се предвиди кои ќе бидат потребни а кои не. Затоа и бизнис-моделот на оваа приватна кинеска компанија е да делува како еден вид драгстор за течности и хемикалии за дупчење терен. Основана е пред дваесетина години, време за кое прерасна во еден од главните добавувачи во светот за оваа дејност со производствени капацитети меѓу најголемите. Развојот и е базиран на инженерското знаење и освојување на сите светски пазари, поддржано со експоненцијално ширење на производствената програма.

А таа тешко е да се опише што сé содржи – дури и набројувањето на категориите продукти ќе биде долго, а не пак секој од нив поединечно. Ќе започнеме од вискозаторите, чија палета се состои од стандарден содиум бентонит, високоприносен премиум бентонит за зацврстување на калта, ултра високоприносен бентонит со сув полимер, премиум бентонит отпорен на сол кој може да се користи со морска вода, специјални производи кои ги елиминираат бабрењето, спречуваат заглавувањето на круната и имаат висок степен на подмачкување со што обезбедуваат извонредна енкапсулација на сечењето, ја зголемуваат стабилноста бунарите и подобруваат реологичките особини на калта заради што може да се користат како стабилизатори на пената за подобрување на векот на течностите за дупчење, како и оние со супер висока вискозност кои се лесни за мешање, ја спречуваат дисперзијата на шкрилците и глината, зголемуваат брзината на извлекување на сржта, подобруваат движењето на цврстите парчиња и можат де се користат за зголемување на вискозитетот на чистата вода и течностите за дупчење кои содржат цврсти материи. Во оваа категорија Sino Mud има и производи кои лесно се раствораат во вода, ефикасни се во свежа, солена и нечиста вода и ја зголемуваат контролата на филтрација дури и при мали концентрации а се компатибилни со повеќето видови хемиска кал, потоа такви за инкапсулирање на парчињата шкрилци за да се спречат бабрењето и дисперзијата кои функционираат во широк спектар на соленост, цврстина и Ph вредност и се компатибилни со другите адитиви за дупчење и не штетат на животната околина. Други пак го спречуваат рушењето на бушотините со помош на цврста кал, брзо ја зголемуваат вискозноста, го контролираат губитокот на течност, спречуваат хидратацијата на шкрилците, не бараат бактерициди, го продолжуваат векот на пената и ја зацврстуваат при воздушно дупчење, а има и такви кои ги максимизираат чистењето на бушотината и карактеристиките на суспензијата, зголемуваат капацитетот на извлекување само со мало зголемување на вискозноста, ги стабилизираат расеаните формации и смалуваат нивните потенцијалните оштетувања и се растворливи во киселини, како и такви кои со високата вискозност обезбедуваат лесна дисперзија на калта во свежа вода, извонредна суспензија без употреба на глина и ги минимизираат оштетувањата на формацијата.

Ова накратко е само за вискозаторите. Можете да замислите колку ќе ни треба само за набројување на агенсите за контрола на филтрацијата, оние за пена и детергентите, стабилизаторите на глината и шкрилците, средствата за спречување на губењето циркулационен материјал, мастите и маслата за подмачкување, флокулантите и дисперзантите, адитивите за цемент и фундирање, специјалните производи и хемикалии, опремата за тестирање… И сето ова е резултат од едвај 20-годишен развој на компанија основана со 8 милиони долари капитал, за која еден од нивните клиенти ќе каже дека користењето на нејзините производи при дијамантско дупчење ги намалува трошоците за 33% и скратува времето за завршување на работата за 29%.