ST Engineering Strobo

Автономни решенија од сегашноста подготвени за иднината

Доаѓаат од Сингапур и никој не слушнал за нив, но кога ќе слушне (или ќе ги види во ова видео) ќе го промени своето мислење

Сосема непознатата сингапурска компанија ST Engineering под заедничкиот назив Strobo разви серија автономни машини кои во голема мерка ќе придонесат иднината побргу да се преточи во сегашноста. Од оној дел што нас нé интересира, преку ова видео ви ги претставуваме вилушкарите, палетарите, влечните возила за отворено магацинско и аеродромско работење, но и рачните вилушкари ако можат воопшто така да се наречат бидејќи не им требаат човечки раце да ја обавуваат својата задача. Но, да не зборуваме многу бидејќи една слика заменува илјада зборови, а едно видео илјада слики. Затоа, погледнете ја оваа видео презентација на семејството автономни машини Strobo на ST Engineering.