Strassmayr STP 1008/6000 – Машина за поправка на патишта

Ефикасно закрпување

Брзата поправка на оштетените патишта претставува вистински императив за комуналаните претпријатија. Со користење на Strassmayr STP технологијата, по кратката интервенција, патиштата се веднаш потготвени за користење


slide2

155Основна предност на Strassmayr STP 1008, машината за поправка на патишта/закрпувач, е овозможување на репарирање/крпење на дупки и оштетувања 156на патиштата без користење на глодалка за асфалт и финишер. Овој тип на машина, за имплементирање на целата технологија за поправка на патиштата, ангажира само двајца работници – ракувач и возач на камионот. Поправката/крпењето на оштетувањата на патот се вршат за само неколку минути. Веднаш по интервенцијата, сообраќајот може непречено да продолжи да се одвива. За придвижување на машината за 157распрскување, пумпите за емулзија, хидрауличните пумпи и полжавите за добавување со камен агрегат, е ангажиран водено ладен дизел агрегат, Kubota V 1505.

Од составните компоненти на машината можеме да го истакнеме следните системи:
159– Резервоар за емулзија со капацитет од 1400 лит.
– Механички индикатор за полнењето со емулзија.
– Автоматско греење со термостат и бренер на масло.
– Пумпа за емулзија со хидрауличен погон
– Пумпа за емулзија со дополнително загревање (опција)
– Инсталација за емулзија заштитена со филтер
– Филтер за емулзија со дополнително загревање (опција)
– Циркулирацијана емулзијата за пократко време на загревање

Работна рака овозможува порправки во радиус од 3,5-4,0 m. Таа е монтирана на предниот дел на камионот, за поголема сигурност на управувачот и повисока ефикасност при работењето.

Patchmatic технологија при рехабилитација на патишта
1. Пример на оштетен пат
Сликата прикажува дупка на патот и мрежа од пукнатини околу дупката
2. Поправката на вакви оштетувања се изведува со Strassmayr STP 1008
Сите фази на поправката се извршуваат со дизна поставена на крајот од работната рака, додека управувачот е заштитен од сообраќај од шасијата на камионот
3. Сушење и чистење на оштетувањето/дупката
Ова е најважната фаза од целиот процес на репарирање. Со користење на специјалната дизна и со воздух под притисок од машината, се овозможува одлично чистење и сушење на дупката
4. Прскање на дупката со емулзија
Веднаш по вклучување на пумпата, емулзијата ќе биде распрскана преку истата дизна, пополнувајќи ја дупката и сите пукнатини околу. Емулзијата во пополнетите пукнатини создава мрежа која дополнително ќе го зацврсти полнењето на дупките
5. Полнење на пукнатините со хомогенизирана мешавина на емулзија и агрегат
Со вклучувањето на хидруаличниот погон за добавување на камен агрегат, одбраните фракции ќе бидат транспортирани до дизната, каде истиот ќе биде помешан со емулзијата, создавајќи хомогенизирана мешавина. Оваа мешавина распрскана под притисок ќе ги пополни оштетувањата
6. Покривање на поправената дупка со чист и сув камен агрегат
По пополнувањето на дупката со мешавината, пумпата за емулзија се исклучува и чист камен агрегат се распрскува на веќе попоплнетата дупка, создавајќи заштитен површински слој. Благодарејќи на тоа, возилата кои ќе поминат веднаш по поправката, ќе бидат заштитени од остатоци на емулзија
7. Слика од поправената дупка и оштетувања
Веднаш по заврувањето на процесот, сообраќајот може да продолжи врз репарираните оштетувања. Дополнителното набивање ќе биде направено со сообраќајот
8. Пресек на поправената пукнатина/дупка со Patchmatic технологијата